Мис Универзум е прекрасната Kолумбијка Паулина Вега

Во неделата (25-ти јануари) во Дорал, Флорида, се одржа изборот за Мис на Универзумот 2015.
Мис на Универзумот за 2015 е претставничката од Колумбија – Паулина Вега. 

pv-2015

Паулина Вега – Мис Универзум со круната вредна 300,000 долари.

Како победничка, меѓу другото, до следниот избор на Мис Универзум Паулина ќе живее во Њујорк каде на располагање ќе и биде еден луксузeн апартман, ќе има платена една година школарина во њујоршката филмска академија и за тој период ќе прима плата (износот не се објавува).

Паулина Вега е ќерка на познат колумбиски кардиолог, дедо и е познат тенор, но најмногу изгледа „наследила“ од баба и која била Мис на Колумбија во 1953 година. На 15 јануари Паулина наполни 22 години, висока е 180 см, а студира Бизнис администрација.
Другите 4 финалистки се претставничите од Јамајка, Холандија, Украина и на домаќинот САД, која што беше втора.

Изборот за Мис Универзум се одржа по 63-ти пат,а лиценценцата за ова натпреварување ја поседува Доналд Трамп (од 1996 година).

Paulina Vega, Kaci Fennell, Diana Harkusha, asmin Verheijen, Nia Sanchez

Топ 5 на Мис Универзум 2015

 

Покрај убавината на сите учеснички, уште неколку работи нема да се заборават од овој избор.

Чудните прашања
На петте финалистки им беше поставено по едно прашање, а публиката ги оцени прашањата како (најблаго речено) чудни за ваква пригода:

– Ако имате 30 секунди да им се обратите, што би им порачале на глобалните терористи!?!
И другите прашања не беа поприкладни:
– Што жените треба да научат од мажите?!
– Дали трба да се исфрли делот со бикини во изборот на Мис?
– Што би направиле за насилството врз жените?
Но снаодливите девојки наоѓаа начин, на секое неадекватно прашање, да одговорат дека се “за мир и љубов во светот“.

Оваа година во топ 15, немаше ниту една претставничка одафриканските држави

Публиката беше за претставничката на Јамајка и се слушна големо негодување кога се соопшти дека таа е во првите 5, што во истовреме значи дека не е победничка!

88-те девојки поминаа пред жирито и во т.н. национална облека, не она што ние би го нарекле “народна носија“ туку облека со детали кои асоцираат на државата.

Имаше интересни креации, но не и лесни за носење – некои беа тешки и 22 килограми, а една од најбизарните беше онаа на Канада – освен палките за хокеј, Мис Канада носеше и цел семафор на грбот.

XXX MISS CANADA UNIVERSE  JY 1481 .JPG A ENT USA FL

Облека со национални обележја – Канада

 

На официјалниата интернет страница на Мис Универзум може да ги погледнете сите 88 девојки и да дознаете повеќе за овој избор на убавица.

 

x

Check Also

Стилот на Оливија Палермо за време на модните недели

Таа е секогаш гаранција за успешен моден изглед. Погледнете ги нејзините изгледи ...