Многу стил во колекцијата Drop: Завар дизајн на MCE во Милано

Изминатата недела од 18-ти до 21-ви март Милано беше во знакот на MCE 2014, најголемиот европски саем за греење и ладење кој годинава се одржа под мотото Global Comfort Technology.

marta 4Македонскиот бренд за дизајнирани радијатори  „Завар Дизајн“ го имаше своето премиерно претставување со изложбата „Life Lines“.

Мултифункционалните уметнички производи со уникатен дизајн, висок квалитет и технички карактеристики наидоа на одличен прием кај илјадниците посетители од целиот свет.

marta 2Поголем дел од изложбата бeшe посветен на најновата колекција „Drop“, која е во соработка со дизајнерката Јана Ацевска, чија колекција накит беше преточена во колекција дизајн на радијатори. Покрај високата естетска вредност, оваа колекција се издвои и поради сосема иновативниот концепт, кој овозможува 11-те основни форми на „Drops“ секој купувач да ги комбинира по своја желба.

marta 1

Марта Наумовска – Грнарова, генерален менаџер на „ЗАВАР Компани“ и управител на „Завар Дизајн“ ги осмисли своите радијатори – скулптури што греат во моментот кога тие беа иновација и на светско ниво.

x

Check Also

IKEA лансираше колекција за домашни миленичиња

LURVIG (на шведски значи „влакнесто“) е новата колекција на Икеа дизајнирана за ...