Моден едиторијал за новата колекција „Енхалон “ пролет/лето ’15 на Ирина Тошева

Дизајнерката Ирина Тошева секогаш ги подготвува едиторијалите на специфични локации, а овојпат едиторијалот е снимен во луксузниот хотел „Изгрев“ и на неколку локации во Струга.

irina 9

„Секогаш кога сум во потрага по инспирација се изолирам и долго време поминувам токму на локациите каде е снимана фотосесијата. Затоа, овој пат, тргнав токму од локациите. Сакав да се оддолжам на околината која ми дава мир и креативност. “, вели Тошева.

irina 10

Слободна, аморфна, мирна и ладна, дива и моќна. Вода. Нуркаме  во длабочините на Енхалон- колекција што е именувана по старото име на Струга, со која дизајнерката потсетува дека  водата е извор на сиот живот, и дека таа како и модата никогаш не исчезнува туку само ја менува својата форма. Разиграни принтови и интересни кроеви ,  мек сензуален памук и сјаен штоф  сатен ќе ја разбрануваат нашата фантазија.

irina 8

Колекцијата беше промовирана со модни ревии во рамки на Модниот викенд Скопје и Модната недела во Љубљана, Словенија и прими позитивни критики од модните критичари и познавачи.

irina 6

irina 4

irina 3

Енхалон ќе биде достапна за продажба во ателјето на Ирина Тошева во Скопје, во Lotus Design Store во Сити мол и на Интернет-страницата  irinatosheva.com.

irina 1

Фотографиите на дизајните на Ирина Тошева се на модниот фотограф Миладин Паповиќ, креативен директор е Кристина Манчева, шминката на Виктор Мирчевски, фризура Сашка Кузмановска, модел е Ивана Гелева од модна агенција „Подиум“. Едиторијалот е надополнет со накит и часовници на “My Time”, очила на оптика „Panda Optic” и чевли на “Chantel”.

irina 7

x

Check Also

Пругаста кошула на врзување – нов модел од „Зара“

Кошула со длабок В-израз и на врзување на струкот што имитира свилена ...