Моден напад врз Виктор Пeтров-Викса: Ако ја бива продавачката ќе ја слушам се што ќе ми каже

 

Во моментов е актуелен со телевизиската забавна емисија „Феферонче шоу“ па го гледаме стокмен во стилизирани костуми за готвачи, и рака на срце, не му стојат лошо, иако сме навикнале да го гледаме низ градот дотеран во искинат џинс, патики и маичка.

viksa 11

Патиките се важен додаток во неговиот живот дури и во клучни мигови од типот на гостин на свадба на пријател. Но ако на миг помисливте дека овој наш фраер со добро препознатлив глас нема баш некаква врска со модата, сте ја утнале работата. Викса е ко-сопственик на Интернет телевизијата „Модел ТВ“ која ќе стартува на крајот на месецов, а ќе се занимава со се што е модерно. И, сега, ени комент? Башка, погледнете го само тој чудесен моден додаток на неговата глава, шеширот, и се ќе ви биде јасно.

viksa 4

Краток моден тест колку да видиме колку ги следиш модните трендови. А) каков модел на фармерки актуелно се најбарани? Б) Кој ангели си заминаа од редовите на Викторија сикрет? В) Колку пати во годината се одржува Моден викенд Скопје? Г) Кое е првото име на Гучи, основачот на „Гучи“? Д) На која модна марка е заштитно лице Моника Белучи?

А) искинати, кај и да се свртиш сегде ги има. Б) Хајди Клум, она е за у пензија. В) Двапати моден викенд, двапати модна недела, не знам што е што. Г) Немам појма. Д) Не знам, ама знам дека не и треба модна куќа за да биде заштитно лице.

искинати де, зашто тој такви носи

искинати де, зашто тој такви носи

Е сега може веќе да поминеме на покомплицирани модни прашања. На пример, модерно е, знаеш веќе, девојките во оваа есенска сезона да носат кратки чорапчиња со чевли на висока потпетица и секако се тоа во комбинација со миди здолниште. Мислиш ли дека модава е секси? Поконкретно, доколку есенва налеташ на таква девојка во градот, би се завртил ли по неа и што би ја прашал?

Би се завртел и би ја прашал „од каде ти се чорапчињава срце“.

Кое модно парче на една девојка ти е најсекси?  

Подвезици, увек.

Остануваат во мода маичките со принт-порака. Да кажеме дека си ти модерен, па би облекол една таква. Со каква порака?

BUT FIRST, LET ME HAVE A CUP OF COFFEE

Би ги потрошил ли „последните“ пари во паричникот, без размислување, на едно парче облека кое случајно си го видел во излогот?

Ваљда да, зависи од парчето.

visk 3a

Колку време се задржуваш во гардероберот кога пробуваш облека пред да ја купиш? Ги прифаќаш ли сугестиите од продавачките околу тоа како нешто ти стои и дали ти стои?

Ако ја бива продавачката ќе ја слушам се што ќе ми каже.

Да замислиме, треба да одиш на појадок во Белата куќа. Како би се дотерал?

Како Џејмс Бонд. Само со стомак и без мускули.

Викса и Марија Илиќ од Моден викенд Скопје

Викса и Марија Илиќ од Моден викенд Скопје

Бендисуваш некоја девојка, ама не ти оди да ја пофалиш баш за телесниот изглед директно, па комплиментите ги насочуваш на….? Веројатно не на ременот кој го носи, нели?

Давам комплимент за очите. Никогаш нема грешка.

Имаш ли парче облека во гардероберот која си ја купил а никогаш не си ја облекол?

Да, оние кондури што секој ги има ама пред секоја свадба си вика „батали, ќе облечам патики“.

Си ја утнал ли некогаш до толку модната работа што подоцна, гледајќи се себеси на екранот, си помислил „подобро да излезев во пижами“.

Секое сабајле пред да ги соблечам пижамите.

На кој од македонските (јавни) фраери му „завидуваш“ на стилот?

На Раде Рогожаров, дефинитивно.

Наши фраерки со стил по твој вкус?

Најпознатата битолска мома, Каролина.

Ако жените насадуваат додадоци, од типот на гради, зошто тогаш би сметал дека е глупаво да си насадиш обична коса? Би влегол во таква модна процедура?

Јас можам да ставам капа и да ја извадам, ај да ги видам они нека го направат тоа со градите.

Навиваме да ни отворат уште Министерство за мода, задолжено за изгледот на политичарите уште пред да излезат од дома. Кој за министер?

Раде Рогожаров, де.

viksa gl

Би рекле штета што телевизиите веќе заборавија што е тоа телевизиски костимограф. Предноста на радио-водителите е во тоа што никој не ги гледа како се облечени на работното место, додека ни зборуваат. Што обично „рокнуваш“ на себе зад микрофонот?

Маица и фармерки, а ако сум во студио, само маица.

x

Check Also

5 макси сукњи кои ги носиме од утро до вечер

Маски сукњата е едно од најудобните летни модни парчиња. Како создадена е ...