Моден викенд Скопје: „Енхалон“ на дизајнерката Ирина Тошева

Ирина Тошева поддржана од My: Time ја прикажа колекцијата наречена „Енхалон“ за која вели дека е „составена од  разиграни принтови и интересни кроеви , мек сензуален памук и сјаен штоф сатен  кои ќе ја разбрануваат вашата фантазија“.

irina 2

„Енхалон е старото име на Струга, град од кој немам никакво потекло, но емотивно сум поврзана. Колекцијата е посветена нему“.

irina 4

„Елен Камен е моето место, далеку од градскиот метеж, врева, обврски и нервози. Омилено за одмор, релаксација и задоволство. Чувства кои сакам да ги пренесам со новата колекција и затоа и фотосесијата беше снимена таму. Луксузниот хотел „Изгрев“ како совршено место ширум ги отвори своите врати , а дел од моделите беа фотографирани и на неколку мои драги струшки локации. Токму таму каде црпам инспирација“, вели Тошева.

irina 3

фотографија – Ани и Дими

x

Check Also

Топли џемпери од New Yorker за сите комбинации

Изгледајте шик и во најстудените денови од годината со плетените модни парчиња ...