Моден викенд Скопје: Современи движења во модата-трендови, продажба и блогирање

Во рамките на десеттиот Моден викенд Скопје, под името „Современи движења во модата-трендови, продажба и блогирање“ предавања ќе одржат, Роберт Кавел- Кларк, Кендал Робинс и Ребека Рој од Лондон како и тимот на домашниот моден сајт Stylist.mk , на 25 октомври од 12 до 15 часот во „Станица 26“ во Скопје.


Станува збор за реномирани професионалци од областа на модата а предавањата се дел од едукативната и бизнис програма на есенското издание на Моден викенд Скопје.


Роберт Кавел – Кларк кој е одговорен за односи со дизајнери и скаутирање во „Not Just a Label“, ќе предава за профилот на компанијата, нивните искуства со интернационални дизајнери, современи начини на продажба и финансирање на нивниот бизнис. Роберт Кавел-Кларк ни гостува со поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија.

Како програмски менаџер во Британски совет Лондон, Кендал Робинс пред македонската публика ќе говори за работата на Британскиот совет, нивната меѓународна соработка и искуствата со дизајнери од Велика Британија. Робинс води и курира културни настани и изложби низ Блискиот Исток, Северна Африка и Јужна Азија, како и во Обединетото Кралство, а исто така е и советник за меѓународната работа. Кај нас ја носиме во соработка со Британски совет во Македонија.

Новинарките Ана Несторовска и Катерина Трајановска од модниот сајт Stylist.mk ќе зборуваат за „Улогата на интернет-медиумите во македонската модна сцена“ и ќе го споделат своето повеќегодишно искуство како модни новинарки работејќи во различни медиуми на домашната сцена.

Рокот за пријавување на заинтересираните да присуствуваат на предавањата е до 20 октомври 2014 на goran@fashionweekendskopje.mk

x

Check Also

Моден викенд Скопје: #Stopthetraffik (програма)

На 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд ...