Модерна, гламурозна и предизвикувачка Драма Брајдал колекција

Модното студио Драма ја презентира својата прва колекција наменета за современи и урбани невести. Невестинската колекција се одликува со силно нагласена индивидуалност и автентичност, како и уникатна сензуалност типична за денот за кој што секој фустан е наменет.

Drarma nevesti (41)

Целата драматичност на овој ден и на моментот се вткаени во овие креации.

Drarma nevesti (44)

„Изработката на невестинската колекција бара двојно поголема посветеност затоа што вистински и силни чувства треба да се пренесат. Секој еден фустан од оваа колекција во себе има внесено различна приказна и емоции, соодветно за различните девојки кои на овој ден се сочуваат со својата најинтимна и најискрена страна. Невестинскиот фустан е симбол токму на овие длабоки емоции, затоа е толку време и уникатен за секоја невеста“, вели Ивана Кнез, дизајнер, моден креатор и сопственик на Драма Студио.

Drarma nevesti (40)

Drarma nevesti (34)

Изработени од различен опус на материјали, со рачна доработка, колекцијата е наменета за невести кои точно знаат што сакаат. Магијата на љубовта е во преден план, како и самиот момент за заљубување во фустанот кој ја означува посебната ноќ во животот на секоја невеста.

Drarma nevesti (19)

Колекцијата содржи модели со различен сензибилитет, карактерно и стилски дефинирани со акцент на уникатност.

Drarma nevesti (5)

Колекцијата е дел од фрагментот Драма Брајдал кој започнува со работа од почетокот на 2016 година. Целата колекција создадена  во соработка со Александра Станојковска е преставена преку артистичка фотосесија на која се потпишуваа врвни имиња од модниот свет. За изгледот на целиот концепт беа задолжени шминка Доковски кој што е воедно дел од Драма Студио, фризура Урбан Артист на Милена Цапов, а фотографиите ги изработи Мартин Саровски. Како модели се појавуваат Ивона Сталевска, олицетворение на женска убавина и Мила Доковска претставник на современа модерна генерација на жени.

Drarma nevesti (8)

Специјална благодарност до Сити Хол и Бата Македонија кои го подржаа овој проект.

Drarma nevesti (9)

 

x

Check Also

Поглед одблизу на пролетната колекција на C&A

Ги сакате пастелните бои? Тогаш ќе ја обожавате новата колекција на C&A. За ...