Модна полицајка без влакна на јазикот: Збогум, Џоан Риверс

Легендата на американската телевизија, Џоан Риверс, позната по емисијата „Фешн полис“ во која го коментираше стилот, однесувањето и облекувањето на славните личности, почина на 81 годишна возраст.

ri3

Пред да зачекори во шоубизнисот, Риверс работеше како моден советник во „Бонд“, а од тоа време датира и нејзиниот прв брак со синот на сопственикот на модната куќа во која работеше кој неславно заврши само по една година.

На почетокот на 70-те Риверс се пресели во Холивуд и како комичарка ги полнеше салите. Беше позната по својот остар јазик, а неодамна и си замина од студиото на Летерман на средина на интервјуто.

ri1

Многу нешта за нејзиниот личен живот можат да се дознаат од објавената биографска книга Diary of a Mad Diva.

Имаше стил и беше голема модна зависничка

Имаше стил и беше голема модна зависничка

Самата ќе признае дека долго се борела со булимијата, а во еден период од животот била толку депресивна што размислувала на самоубиство. Сепак, ќе се врати уште посмела на телевизискиот екран со дневна емисија која во 1989 година ќе и ја донесе наградата Еми.

ri2

Во последната деценија Риверс ја коментираше модата н црвените ќилими, а во славната емисија Фешн полис остро го критикуваше стилот на ѕвездите.

ri6

Беше позната и по пластичните операции, за кои самата признала, дека направила дури 700.

 

x

Check Also

8 модели на фармерки до глуждовите што не се за пропуштање

Најпопуларниот џинс за сезоната пролет/лето се фармерките со должина до глуждовите. Меѓу ...