Модната агенција Подиум во потрага по модели

Модната  агенција „Подиум“ која воедно е и официјалната модна агенција на Моден викенд Скопје ги повикува сите девојки и момчиња да бидат дел од курсот за модели кој ќе се одвива во текот на јуни и средината на месец јули.

Modna agencija Podium

 

Курсот на кој може да се пријават и деца од најмала возраст, подразбира обука за правилно чекорење на писта, позирање и часови по глума.

Рокот за пријавување е 21 мај (четврток).

Модната агенција „Подиум“ е посветена на развивање на талентот кај модели на најразлична возраст. Агенцијата работи на сите нивоа во модната индустрија : ревии, фотосесии за кампањи и медиуми  како и промотивни настани.  „Подиум“ вбројува кампањи за речиси сите домашни дизајнери и модни куќи но и интернационални брендови како Hugo Boss,  Bitsiani, Timberland, Diesel, Peugeot, Porsche и многу други.

Контакт за пријавување :  Ирина Илиевска  077/492596 и info@fashionweekendskopje.mk

 

x

Check Also

8 туники-фустани од Massimo Dutti

Новата колекција од Massimo Dutti ни носи преубави туники-фустани со ролка или пак ...