Традиционално и годинава на првиот викенд во месецот февруари се одржа Super Bowl натпреварот на кои учествуваа и музички ѕвезди како дел од програмата.
Бијонсе се појави во црно боди со златни ремени, костум кој речиси е идентичен на оној кој го носеше Мајкл Џексон во 1993 година.
Лејди Гага пак, ја имаше честа да ја отпее националната химна, а на сцената се појави во светликав црвен костум во комбинација со чевли кои личат на американското знаме.
Посебно впечатлива беше нејзината шминка – црвена светликава сенка за очи и контрастно сини, светликави нокти.