Мона – 25 години на создавање на царството

Во Белград по повод 25 години од постоењето, модната куќа Мона организираше раскошна изложба во галеријата Прогрес, која го претставува растењето и развивањето на најпознатата модна марка на Балканот. Изложбата вклучува фотографии, скици, цртежи, костими, но и чанти по кои овој бренд е најпознат, и прикажува високо естетски пристап кон модата и уметноста, историското наследство и културата.

mona 3

Создавањето на најдобрата модна марка во Србија почнува во 1989 година во Белград со визионерските подвизи на Нада и Ѓорѓе Момировиќ кои ја основаат фирмата и стануваат познати производители на квалитетни производи од кожа и текстил. За брзо време модната куќа Мона ја достигна лидерската позиција во модната индустрија. Новиот пристап кон работата, ангажирањето на дизајнери, авторските колекции и пробивот на пазарот надвор од земјата, полека од Мона создадоа марка, а српската мода ја позиционираа на светската мапа.

Мона има 750 вработени во погоните во Белград, во Сопот но и во претставништвата во светот, додека „Мона хотел менаџмент“ вработува 150 работници во хотелите „Златибор Мона“, „Јавор“ и „Арго“. Годишно се произведуваат над 300 илјади чанти, паричници, ремени и над 250 илјади парчиња гардероба од текстил и од кожа. Се тоа во продажба оди преку малопродажната мрежа на Мона, составена од 50 продавници, од кои 39 се во Србија и 11 во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Република Српска и Македонија. За производство на врвни производи, кожата и текстилот се вовезуваат од Италија. За производство годишно се троши над 180.000 метри текстил, 70.000 метри кожа за облека и 60.000 метри кожа за чанти.

Од ревијата Тесла во Скопје, МНТ, 2006 година

Од ревијата Тесла во Скопје, МНТ, 2006 година

Тоа што во 25-годишната работа на команијата Мона се издвојува е фактот дека работи по светски стандарди, се следат модните трендови, се ангажираат дизајнери, а квалитетната и стручна работа ги прави достапни на пазарот.

Мона секоја сезона пролет/лето и есен/зима, како и за Нова година или за време на матурските, прави нови колекции кои ги претставува преку модни ревии. Така, во текот на 25-годишната работа има реализирано над 160 колекции и 145 модни ревии од кои дури 46 надвор од Србија.

За препознатливоста на Мона придонесоа и тематските колекции инспирирани од културното наследство, кои претставија не само врвни модни колекции туку се и културни настани кои долго се паметат и кои се случуваа на Големата сцена на „Народно позориште“. Меѓу бројните познати имиња кои работеа на колекциите, се вбројуваат и легендарниот дизајнер Александар Јоксимовиќ и уметницата Оља Ивањицки.

Колекција во соработка со уметницата Оља Ивањицки

Колекција во соработка со уметницата Оља Ивањицки

Уште од создавањето, Мона е учесник во многубројни хуманитарни и културни манифестации, трибини, промоции, концерти, верски настани, ревии..Но, Мона е и донатор, мецена и општествено одговорна компанија која помага во подготовка на претставите во „Народно позориште“, како и во другите театри во Србија, помага во објавување на книги и едиции, организира изложби, стипендира сиромашни деца или деца без родители. Мона е носител на бројни награди и признанија.

 

x

Check Also

Skopje City Mall месецов Ве носи на најатрактивните настани и концерти!

  Нашиот најголем трговски центар Skopje City Mall, е активен покровител и ...