На 9-ти и 10-ти мај: Ајде на шик шопинг во галеријата во МКЦ!

Повеќе од 400 дизајнерски парчиња облека од 20 модни дизајнери ќе бидат на продажба во галеријата во МКЦ на 9-ти и 10-ти мај.

ludus

Hекогашната концептуална продавницa Лудус позната по поддршката на младите македонски модни дизајнери, во петок 9-ти и сабота 10-ти мај, во гaлеријата во Младинскиот Културен Центар, ја организира досега најголемата привремена продавница. Со работно време од 12 до 22 часот, галерискиот простор ќе биде пренаменет за продажба на 20 дизајнерски колекции на облека, накит, додатоци и подароци. Хетерогената понуда од  400 дизајнерски производи од квалитативно и концепциски различни македонски дизајнери има за цел да направи вистински пресек на македонската модна сцена и  директно да го поврзе македонскиот моден производ со конзументите.

ludus 22

Покрај последната модна колекција на организаторите Лудус, ќе бидат застапени и колекциите на други етаблирани модни имиња како Лидија Георгиева, Chic Undercowear , Елена Спасовска, Билјана Каран, Аcidwear, Mикка, Aтами и Гаја, дизајнерите на накит Нина Симовска – Just Because,  Капка, Билјана Клекачоска, Еклектика. За првпат ќе учествувват и Јелкица Поповска, Линија, Мелани Димитровска, интернет продавницата Bastet Noir,  дизaјнерите на додатоци Елена Поповска, Билјана Каровска, Симон Ангел и Елена Ристовска.

Посетителите ќе можат да си обезбедат парче облека по достапни цени во текот на дводневниот настан што ќе биде збогатен со пропратна програма со различни содржини како промоции на модни портали, модни работилници и презентации.

 

x

Check Also

Весели под дождот: Чадори со омилените ликови од цртаните филмови

Секако, дизајнирани се и наменети за дечиња, но и ние со задоволство ...