На празнична трпеза со Долче и Габана

Вака изгледа божиќниот излог на Долче&Габана на Виа дела Спига број 26.

dg1

Многу бои и прекрасна декорација, а храна доволно за да се заситат очите. Храната е една многу сериозна работа кога се во прашање Италијанците, а ако доаѓате уште од Сицилија, каде храната е речиси религија, тогаш може да се разбере идејата за ваков вид на празнично украсување на еден бутик.

dg3

Вниманието е привлечено, заслужено. Нема некој што нема да застане пред излогот на бутикот на Д&Г на миланската Виа Спига, иако гардеробата е во заден план и иако не станува збор за некаков ресторан.

dg2

Сицијалијански божиќни специјалитети, детаљи во духот на традицијата, непогрешлив избор, всушност ова е и дел од приватното мени на двојката Доменико Долче и Стефано Габана.

dg5

Обајцата ја поминаа бадниковата вечер со семејството, но трпезата ја пренесоа на излогот од бутикот, за да ја споделат со сите.

М.Б.

x

Check Also

Најубавите чанти за пролет 2017

Пролетната сезона се отвора со преубави модели на женски чанти. Од Џорџо ...