Најдобри фитнес начини за интензивно согорување на масти

Ако мислите дека доволно силно вежбате, веројатно не е така. Бидете свесни дека треба да тренирате посилно, побрзо да трчате, помалку да одморате, односно да го пуштите вашето тело малку да се намачи и да стопи повеќе калории.

hit7

Вежбајте со тегови

Истражувањата покажаа дека ако во вашиот тренинг вметнете три тренинзи на издржливост неделно, може да ја подобрите чистата мускулна маса, истовремено „потпалувајќи“ го метаболизмот. Повеќе мускули значат повеќе согорени масти, особено за време на одморот.

Трчајте

Истражувањето за издржливост при трчањето откри дека спортистите губат околу 5,4 отсто од телесната маса за време на една трка. Поголемиот дел од мастите го губат за време на првата половина од трката. Ако сега почнувате со трчање, ќе загубите повеќе телесна маса од некој кој цел живот се бави со трчање. Вметнете трчање три до четири пати неделно во вашата тренинг-програма за подобри вкупни резултати. Трчањето троши 374 калории во 30 минути. За да го зголемите интензитетот, неизменично практикуајте брзо и побавно трчање во интервали или трчајте на планина или по скали.

hit 1

Вежбајте на празен стомак

Вежбањето на празен стомак, веднаш наутро или со часови после оброкот, користи повеќе масти како гориво, а не влијае на перформансите.

Кардио тренинг

Кардио тренингот на ниво меѓу 60 и 80 отсто максимум срцева издржливост е идеален за максимално согорување на мастите.

Ролајте

Возење со ролерки гори околу 425 калории за 30 минути. Што има подобро од „зезање“ и уживање во текот на вежбањето? Ролањето го зајакнува задникот, колковите, бутините и стомакот и тоа се со согорување на оној вишок.

Прво тегови, потоа кардио

Ако морате по план истиот ден да направите вежби со тегови и кардио вежби, водете сметка прво да ги направите вежбите со тегови, а по нив кардио тренингот. Таков распоред ви овозможува да вежбате посилно и да потрошите повеќе калории и масти. Финтата е во тоа што за време на тренингот со тегови ќе ги трошите повеќе изворите на хидрати, додека на кардио тренингот исклучително мастите ќе ги користите како гориво.

Спринт, па чучнувања

Направете 100 до 200 метри спринт со 20 чучнувања на крајот. Ефикасен, краток и многу успешен начин да ги согорете мастите.  Повторете ја серијата уште еднаш.

Високо интензивен тренинг

Таканаречениот HIIT тренинг (High Intensity Interval Training) е најдобра кардио програма за согорување на масти. Кај овој тренинг нема правила што се однесува до распоредот на вежбите, а основата се состои во менување на интензитетот на секоја минута до две, или зависно од вашите способности. HIIT тренингот троши повеќе калории за помалку време, за разлика од долгите и понекогаш здодевни кардио сеанси.

Зборувањето не е дозволено

Ако може да си дозволите да разгговарате за време на тренингот, значи дека не се трудите доволно.

Филџан кафе

Испијте филџан кафе на еден час пред тренингот. Кофеинот во кафето сосема е доволен како дополнување во предизвикот за забрзување на согорување на мастите.

x

Check Also

Спој на фитнес и забава на Fit Games

На 28 октомври во Скопје ќе се одржи натпревар во функционален фитнес/кросфит ...