Најдобри намирници за диета и слабеење

Ова се најадекватните намирници за секоја диета кога целта е намалување на килограми.

namirnici 1

Млечни производи

  • обезмастено или делумно обезмастено млеко
  • Природен јогурт, „лајт“ јогурт (од 0,5 млечни масти)
  • Сирење со максимум 40% млечна маст.
  • меките сирења (со ниски масти) се подобри од тврдите сирења.
  • Тврдите сирење не се препорачуваат како и кремастите (холандско полу-меко сирење, меко козјо сирење, Едамер, Ементал, Гауда, шпанско сирење манчего, моцарела, пармезан).
  • Ферментирано сирење може да се внесува во исхраната само повремено (козјо сирење, Рокфор).

Намирници богати со протеини

namirnici 7

  • посно месо: говедско месо, коњско месо, телешко месо, младо јагне, зајак.
  • птичје месо: пилешко, мисирка, пожелно е да се избегне месо од патка.
  • Риба: белата риба е подобра за диетен режим од црвената, но сепак треба да се приготвува печена на скара, варена или печена во рерна. Од црвената риба најдобри се лососот и туната, но одлични се и сардината, сабјарката, скушата и харингата.
  • Морска храна: избегнувајте школки и ракчиња, а октоподот и лигњите се прифатливи.
  • Јајца: пожелни се еднаш или двапати неделно.

Скроб

namirnici 5

  • Компири (само печени или варени, во умерена количина)
  • грав, наут, леќа, соја, грашок
  • зеленчукот (богат со скроб) и зрнестата храна богата со скроб дебелее нешто помалку од житарките, но треба да се внимава да не доминира во исхраната, туку да се конзумираат во многу мали количини.

Леб и друга храна од житарки

namirnici 3

  • Интегрален леб или тост (да се намали количината на бел леб)
  • Интегрални житарици, трици.

Зеленчук

  • Свеж зеленчук ( но може и замрзнат): цикорија, артишок, целер, модар патлиџан, брокула, тиквички, печурки, зелка, црвена зелка, карфиол, аспарагус, спанаќ, анасон, боранија, зелена салата, репа, краставици, пиперки, праз, ротквици, домат, морков … Зеленчукот е една од групите на храна кои најчесто се препорачува за деца за целите на губење на тежина.

Овошје

  • Сите свежи овошки, па дури и замрзнато овошје, без шеќер, како и егзотични овошја: гуава, папаја, манго, маракуја. Киселото овошје повеќе се препорачува од слаткото.
  • Компоти и варено овошје без шеќер.

Масти

  • масла: маслиново, сончогледово масло, масло од пченка, соја, ореви, сусам, кикирики.
  • путерот е подобар од маргаринот, ако веќе не можете да се откажете од него.
  • Користете природно ладно цедено маслиново масло кое е богата со витамин Е.

Зачини

  • црн пипер, сол (умерено)
  • свеж сос од домати, лесни сосови.
  • сенф, кисели краставички, чили.
  • Избегнувајте го додавањето на многу зачини зашто тие отвораат апетит.

Пијалоци

namirnici 4

  • Вода (од чешма), минерална вода.
  • чај и кафе
  • чаевите се многу ефикасни во диетите за слабеење.
  • избегнувајте газирана вода (ја задржува течноста во организмот)
  • Овошни сокови без шеќер.

 

x

Check Also

Најдобри сирења за фит форма

Љубителите на сирење, дури и кога е во прашање диетата, нема да ...