Најпопуларни сирења и кашкавали за пица: Што со што најдобро „оди“

ребат за подготовка на бешамел прелив кај таканаречените бели пици.

 

Пицата доаѓа во безброј комбинации, па така во подготовката можат да се употребуваат различни сирења и кашкавали. Основното правило при избор на сирењето/кашкавалот е да се избегнуваат оние кои содржат голем процент на масти зашто тие се топат при печењето и даваат видлива маснотија на пицата.

Сирењето кое се става на пицата треба да биде ладно зашто топлото сирење може да се препече, па дури и да изгори. Сирењето, односно кашкавалот, секогаш треба да биде ситно изрендан или пак исечкан на покрупни парчиња, а тврдите сирења треба да бидат тенко исечени. Не е убаво да се претерува со сирење/кашкавал во пицата, а препорачливата доза за една пица е 100 до 150 грама.

Моцарела

Моцарелата прави совршена комбинација со домати

Моцарелата прави совршена комбинација со домати

Моцарелата се смета за класичен италијански избор за пица. Постојат неколку видови моцарела и сите можат да се користат во пицата, но најдобра пица сепак се прави со моцарела од биволско млеко. Може да се случи свежата моцарела на пицата да пушти повеќе вода па да го расипе тестото, оттука се препорачува моцарелата да се завитка во кујнска крпа за да се изцеди пред да се употреби.

Фета сирење

Најдобро оди со морски плодови или со други сирења

Најдобро оди со морски плодови или со други сирења

Не е вообичаено да се става во пица, но сепак ако пробате ваква комбинација, многу е вкусна. Фета сирењето добро го поднесува печењето, а најдобро е во пица да го комбинирате со други сирења.

Горгонзола

Горгонзолата си е доволна сама на себе, може да оди сама со тестото, но добро се сложува и само со печурки, или со пршут

Горгонзолата си е доволна сама на себе, може да оди сама со тестото, но добро се сложува и со зеленчук, само со печурки, или со пршут.

Горгонзолата како и рокфортот на пицата добро одат со свеж зеленчук како рукола и чери домати. Ваквото сирење дава посебна арома, но поради силниот вкус не треба да се претерува. Освен во комбинација со други сирења може да се употребат за подготовка на бешамел прелив кај таканаречените бели пици.

Пармезан

Пармезан совршено се сложува со модар патлиџан и / или пршута

Пармезан совршено се сложува со модар патлиџан и / или пршут

Зрелото тврдо сирење, пармезан, дава на пицата префинета нота, но поради деликатноста на неговиот вкус и сувоста ваквите сирења не треба да ги печете, туку се рендаат или сечат на тенки ливчиња и се додаваат после печењето на пицата.

Гауда

Гаудата се бакнува со кулен

Гаудата се бакнува со кулен

Полутврдите масни сирења од типот на Гауда одлични се за комбинирање со други сирења како моцарела или фета, па дури и со козје или овчо сирење.

x

Check Also

Загревање со дневна журка и дочек на Новата година во Дистрикт бар и ресторан

Дистрикт бар и ресторан во Скопје Мериот Хотел организира дневна предновогодишна забава ...