Најубавата вила на најубавата улица во светот

Секоја вила си има своја приказна, но приказната на Вила Опенхејм, денес позната како Вила Кора, има приказна која генерациски се раскажува.

vila 8

Не станува збор само за една романтична љубовна приказна, зачинета со љубомора на еден барон – Вила Кора е изградена на љубовни темели и токму затоа е неуништлива. Таа го чува своето старо волшепство во себе, магијата која некогаш ги „гонела“ сите оие кои доаѓале тука, да си заминат вљубени.

vila 1

Денес се вика Вила Кора, а некогаш Вила Опенхејм, според името на баронот Опенхејм кој го изградил овој фасцинантен објект како подарок за својата убава сопруга во времето кога Фиренца била главен центар на Италија (1865/1870).

vila 2

Токму во оваа вила баронот кој уживал во својот богат стандард на живеење ги собирал поканетите гости од високите друштва низ светот и елитата на Фиренца. Тие забави и балови оставиле печат на епохата во која изобилувало богатството и елеганцијата.

vila 17

vila 4

vila 3

Романтичната архитектура предодредена од нео-класичниот стил на вилата и локацијата од соништата од каде Фиренца се гледа „на дланка“ биле инспирација за секој што доаѓал тука, па не е чудо што токму меѓу овие ѕидови започнувале бројните љубовни врски, а гостите како да биле маѓепсани од атмосферата и токму тука се вљубувале во убавите аристократки.

vila 7

vila 6

vila 5

Баронот Опенхејм кој бил лудо вљубен во својата сопруга, се посомневал дека и таа е опседната од оваа вила, па неговата љубомора отишла до таму што силно верувал дека и неговата сопруга е вљубена во некој што доаѓа тука и дека му е неверна. Тоа неверство го препишувал на магијата на вилата Опенхејм и не можејќи да се помири со оваа опсесија наредил вилата да се уништи.

vila 10

За среќа, оваа негова одлука ја слушнал шефот на полицијата кој му забранил на баронот да го запали најфасцинантниот објект на тоа време, но не можел да влијае и на одлуката баронот и неговата сопруга засекогаш да ја напуштат оваа вила, отселувајќи се од Фиренца.

vila 11

Оставајќи ја непромислено и брзо зад себе волшебната градба која ги тера луѓето на вљубување, Опенхејм ја води својата сакана сопруга далеку од вилата, а вилата е веднаш преземена од императорката Евгенија, вдовицата на Наполеон Трети, на која Фиренца и посака топло и гламурно добредојде во градот.

vila 12

Вила Кора станува резиденција на Евгенија во која таа продолжува да ја собира политичката елита, која за возврат пак, во нејзина чест, токму тука организира луксузни балови. Спектакуларноста на овие забави на високите, затворени кругови, набргу се проширува како вест надалеку, и тоа го тера принцот Камило, сопруг на Паолина Бонапарта, да дојде и да се увери во веродостојноста на веста. Во негова чест е одржан балот кој ќе остави белег на целата таа деценија, кога Вила Кора ги отвора вратите и за славните уметници, како Петар Илич Чајковски и на кралските семејства и бароните, како пребогатиот барон Вон Мек кој се населува во оваа вила.

vila 14

vila 13

Поврзани со страста кон музиката, Чајковски се преселува во Фиренца, во соседство на Вила Кора за да биде поблизу до баронот Вон Мек. Во овој период вилата е преименувана, добивајќи го името според господинот Егидиџо Кора. Неговиот син Џулијано, кој подоцна станува амбасадор, се прославува со бројните успешни врски во различни градови во светот, особено во Етиопија каде што станува најдобар пријател на големиот император Селаси.

vila 16

По целиот овој долг, фасцинантен и гламурен период, за Вила Кора следуваат децении на комплетно напуштање и деградација. Со новото време во кое не се почитува елеганцијата и се удира на нео-класицизмот, добар дел од мебелот во вилата се распродава.

vila 15

Но кој можел да го уништи волшепството на овој објект кој некогаш бил изграден од голема љубов и во кој секојдневно се раѓале по една нова голема љубов. Дури децении подоцна, новото време навраќајќи се на историските вредности, ја открива повторно Вила Кора како симбол на нео-класицизмот и љубовта на минатото, инвестирајќи да се врати изгубеното.

Со реставрацијата вратени се старите ѕидови, добар дел од златните фрагменти и повторно е откупен дел од мебелот кој некогаш му припаѓал на баронот Опенхејм.

Денес таа е луксузен хотел каде што се организираат значајни настани. И она што еднаш беше запишано од еден странски писател денес повторно важи „ Најубавата вила во Фиренца на најубавата улица во светот“.

 

Ј.К

x

Check Also

Романтични зимски дестинации – Ледени хотели

Привот хотел од мраз беше отворен во Шведска, во 1989, и тој ...