Во организација на Јавна Соба и „KAPKA Jewelry“, од 7 до 9 октомври во просториите на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, ќе се одржи првото издание на Саем за накит и модни додатоци, „НАКИТ 2016“.
„НАКИТ 2016’ ќе има продажен карактер и е наменет за пошироката публика, за познавачите на добриот накит, за љубителите на модните дадотоци, за конзументите на добрата атмосфера и забава.
Саемот ќе биде збогатен со предавања, работилници, и секако многу дружење и музика.
На саемот, во оваа негова прва година на реализација, настапуваат изработувачи и дизајнери на накит од Македонија, Србија и Бугарија.
- Александра Шекутковска
- Биби Клекацкоска
- Јасмина Главинче
- Марта Пејоска
- Александар Пешевски
- Симеон Шомов
- Катерина Шербезова
- Ангелина Цветкова
- curly lab
- студио глина
- redesign21
- jtdot
- gulch