Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени кои влијаат на целокупниот изглед и стил, накитот за плажа е секогаш повеќе од добредојден.

nakit 4

Екстремно големи обетки, уште подобро ако се шарени, не една туку десетина алки на двете раце, гломазно ланче кое се спушта до стомакот…, едно вистинско парче накит може да додаде драматичност на вашиот обичен, црн, едноделен костим.

Кога накитот го носиме на работното место или за вечерни излегувања многу лесно, доколку претераме со него, може да заличиме на накитена новогодишна елка. Но, кога накитот го носиме на плажа, тука се дозволени секакви претерувања. Едноставно, никогаш не е доста од него.

Без разлика дали ги следите модните трендови или не, нема да направите утка доколку одберете накит кој е многу шарен, во весели и живи бои, или пак накит кој ја содржи „темата“ лето – алки со цветови, нанижани школки во долг ѓердан, рипчиња на ременот околу струкот, привремени тетоважи од делфини на нозете или грбот и се што асоцира на одмор, плажа, сонце и море.

Доколку пак ги следите модните трендови, еве потсетување што е годинава модерно.

1. 

Плетени римјанки

Плетените декорации кои се врзуваат на нозете и даваат ефект дека носите сандали. Истите кога не сте на плажа може да и носите со јапонки.

nakit 2

2. 

Етно стил

Алки, ланчиња, обетки…со етно мотиви. Многу се впечатливи и секси.

nakit 5

 

3.

Волнени реси

Колку волната да асоцира на зима, годинава волнените наметки со реси исто како и плетените костими се во тренд. Доколку сепак не сте за плетен шал со реси за наметка врз костимот за капење, тогаш одлучете се за долго ѓерданче со реси.

 

nakit 3

x

Check Also

„Бојфренд“ часовник од Шанел

Шанел не му одолеа на „бојфренд“ трендот, модата да се носи „позајмени“ ...