Накитот на Еми Норис на Пекиншката недела на дизајн

Еми Норис оваа година по втор пат ќе учествува на Интернационалното биенале за накит во Пекинг, Кина, од 16ти до 30 декември 2015 година.

en 77

Изложбата е во составот на настаните во рамките на Пекиншката недела на дизајн, а во организација на Пекиншкиот институт за модна технологија.

Од страна на организаторот и жири комисијата која изврши избор на учесници на настанот, селектирани се две дела од дизајнерката. Тоа се две масивни огрлици: едната од колекцијата F key (F клуч), а другата специјално изработена за настанот.

en 10

Матерјалите од кои се изработени парчињата се комбинирани: плексиглас,огледален алкубонд,врвки за обувки, текстил, метал. Накитот е костимски.

Изложбата е од интернационален карактер со учество на над 300 дизајнери од околу 50 земји од целиот свет.

Темата на  изложбата е : Jewelry- Boundless. Самиот настан е конципиран да прикаже како различни култури взаемно се разменуваат,интегрираат па дури и судруваат ,и на тој начин промовираат развој на творечка разновидност во дизајнот на накит, а воедно обезбедуваат платформа за интеракција на различни уметнички дизајнерски концепти.

Ова е второ претставување на дизајнерката на овој престижен настан. Прв пат изложуваше на истиот во 2013 година.

 

x

Check Also

12 модни изгледи од зимската колекција на Манго кои ги обожаваме!

Шпанската популарна модна марка Манго ја отвори вратата на зимската сезона најавувајќи ...