Направете сами боси сандали

Инспирирани од индијската традиција, босите сандали влегоа во западниот свет и станаа барано парче моден додаток за летната сезона.

sandali 8

Толку се нежни и убави што се вистински украс на нозете. Личат на римјанки без подлога, можат да бидат плетени, кожени со монистри, бисерни, со ланчиња или со кристалчиња, во знакот на летото со школки, од најобични до најекстравагантни.

sandali 6

Карактеристични се по тоа што се заврзуваат најчесто како римјанки, но не мора, се носат на вториот прст од ногата, и по тоа што немаат подлога, односни со нив одите со боси нозе.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Идеални се за плажа, а за вечерни излегувања можат да бидат украсен додаток на едноставниот пар сандали.

Босите сандали се достапни на повеќе интернет-продавници (и на Амазон) а цената им е од 10 до 20 долари. Но, може да ги направите лесно и сами.

Постапката е иста, а овие три видеа не само што ве водат чекор по чекор како да ги направите туку се одлични и за инспирација.

x

Check Also

„Бојфренд“ часовник од Шанел

Шанел не му одолеа на „бојфренд“ трендот, модата да се носи „позајмени“ ...