Направите сами тоник за лице со мирис на рози

Денес производите кои ни се нудат се полни со хемиски бои и конзерванси за да имаат што подолг рок на траење, а таквите состојки не се здрави. Оттука луѓето се почесто се враќаат на природната козметика.

slika 100

Како да подготвите природен тоник за чистење на лицето благодарение на кој лицето ќе ви биде свежо цел ден.

Како основа за природен тоник за лице може да послужат многу билки како на пример нане, камилица, босилек или рози. Босилекот е исклучителен антисептик, па се препорачува за сите оние кои имаат проблематична кожа. Тоникот пак, на основа на рози ја враќа свежината и младешкиот изглед на лицето, а особено е препознатлив по пријатната миризба.

Како да го подготвите?

Потребни се 40 ливчиња роза (околу 5 цветови роза), 1 морков и 5 ливчиња нане.

Исечканиот морков, листовите роза и нане, заедно варете ги во 1 литар вода половина час. Откако ќе се излади, исцедете ја течноста и претурете ја во шишенца, па оставете да отстои на студено место. Вака подготвениот тоник може да се користи неколку денови последователно зашто бидејќи не содржи конзерванси не може да трае подолго од една недела.

x

Check Also

Нова колекција на шминки од Шанел инспирирана од патувањата

Chanel направи уште една колекција на декоративна козметика која се состои од ...