Наташа Бабулова Ангелеска: Блесокот во очите на клиентката е највисоката оцена за успешно завршената работа

Звукот на ножиците за кроење и мелодијата на машината за шиење се симфонијата која го буди маалото, го растреперува гласот на секоја дама чиј извик на радост го насмевнува и огледалото. Дамите со најубави фустани и најшироки насмевки излегуваат од Модно Ателје „Бабулова Ангелеска“, а дамата која скопските улици ги претвори во црвен тепих е Наташа Бабулова Ангелеска – Дипломиран Конфекциски Инженер.

fhfnhnhhfhhn

Како започна приказната на Модно Ателје „Бабулова Ангелеска“?

Приказната започна во 1993 година кога решив да запливам во водите на модата. Отсекогаш ме интересираше модата, па затоа се запишав во средно конфекциско училиште, а потоа на технолошко металуршкиот факултет дипломирав на смерот конфекциски инженеринг. И едноставно таа љубов е секој ден се посилна и посилна.

Wonderland-Couture-2

Од идеа до реализација  на една креација. Како тоа изгледа?

Оваа работа е тимска. Идеите се секогаш заеднички затоа што сакам и моите клиентки да учествуваат, со барања, за да бидат среќни и задоволни од резултатот.

50674445_PVI_0001_A242680_SP

Со кои материјали најчесто работите?

Зависно од моделот кој се изработува и во зависност од телесната конструкција на клиентката ги бирам материјалите со цел да се истакнат убавите облини, а да ги сокријам недостатоците ако воопшто ги има. Работам со руски штоф, сатен, памучен сатен, сирова свила, жорзет, чипки со памучен состав, плетени чипки…

savvsavassavsvasavgmmgm
Дали вашите клиентки бараат креации на фустани кои ги виделе кај светските ѕвезди, и што најчесто од нив се бара?

Бијонсе и Џенифер Лопез се ѕвездите кои со своите природни облини и уникатен стил се инспирација за многу креации кои моите клинетки ги здогледале како ги носат и секако биле инспирација за нив да направат нешто слично, но јас секогаш сугерирам да се даде индивидуалност, уникатност и бараниот модел да прилега на самата клиентка, додека моделите на ѕвездите да бидат само појдовна инспирација.

Isaac-Mizrahi-the-Aisle-collage-1024x486
Што им препорачувате на дамите кога бираат дизајн за некоја посебна прилика?

Елегантни фустани, раскошни коктел фустани … креации кои можат да се носат само за посебни прилики. Убаво е кога еден настан е разубавен со свечени тоалети. За матурските и свадбените прослави пак, кои се во најава, Модно Ателје „Бабулова Ангелеска“ подарува 15% попуст на сите типови свечени фустани, невестински фустани , коктел тоалети и се’ што ќе посака една дама за да изгледа совршено.

Flower-Dresses-Collage-1024x1024

Кои бои и дизајни на фустани се најбарани од Македонките?

Според сезоната и приликата избирам најразлични материјали и бои, бидејќи македонската жена отсекогаш  знаела да се преобразува и да ја истакне својата женственост за бараната пригода. За оваа сезона се актуленижолтата и црвената боја.

dresses collage

Што ве инспирира, ве води низ создавањето и изработката на креацијата ?

Најпрво го цртам моделот, бирам комбинација на материјали и бои, потоа се договарам со клиентката дали се тоа и се допаѓа. Кога ќе добијам„зелено светло“ се започнува процесот на изработка на моделот , а ако има некакво двоумење додека ја правам основата на фустанот и клиентката добие некоја нова идеја веднаш стопирам и ги правиме последните промени до најмал детаљ. Кога сето тоа ќе се заврши, блесокот во очите на клиентката е највисоката оцена за успешно завшрената работа.

BA FLAER
Колку самата личност за која создавате модно парче може да ве иснпирира?

Ах, премногу !

MODNO ATELJE BABULOVA ANGLESKA VIZIT KARTA

x

Check Also

Моден викенд Скопје: #Stopthetraffik (програма)

На 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд ...