Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата – Бик и Риби

Меркур во знакот на Бик оваа недела ќе донесе новини и интересни средби за сите земјени знаци, но ќе ги фаворизира и родените во знакот на Риби и Рак. Се очекуваат уште неколку пречки на работното место за Шкорпиите и Лавовите. Во љубовта, неделава предност ќе имаат Раковите, но и сите водни знаци ќе бидат задоволни на емотивното поле. Одлични планети за Девиците! А вие, во кој знак сте родени? Дознајте што ѕвездите ви подготвиле за периодот 22ви до 27ми мај.

Овен: турбулентна љубов …

Очекувајте бура на љубовно поле во текот на оваа недела. Неповолната Венера создава многу силни тензии и ако постои едно нешто што едноставно нема да може да го издржите, тоа е да имате некој што ќе ви кажува што треба да направите.Обидете се, ако е можно, да го намалите тонот на гласот,особено во многу нервозните денови – четврток и петок, кога и Месечината ќе биде во опозиција.  Добрите вести, сепак, може да дојдат в понеделник или најдоца вторник.

Бик: со помош на ѕвездите!

Со Меркур во одлична положба, никој не може да ве спречи во ништо! Ова е вашиот момент: ќе одите напред, особено на работа – ќе имате можност да остварите нови проекти или да го промените работното место за подобро. Сегае вистинското време и резултатите нема долго да ги чекате, туку веднаш ќе дојдат. Дури и во љубовта ѕвездите ве фаворизираат: деновите  вторник и среда ќе бидат особено богати со емоции … Сепак, избегнувајте напорни дискусии со партнерот, особено за време на викендот.

Близнаци: мала револуција!

Следниот период дефинитивно ќе донесе позитивни поместувања за вашиот знак: малку работите се сменија и сега можете да уживате во плодовите од оваа мала револуција. Вашата недела започнува со убава, поволна Месечина, која ќе ви донесе среќа на љубовно поле, особено во деновите четврток и петок. Меѓутоа,во вторник и среда, може да се појават непријатности. Внимавајте да не го занемарувате премногу партнерот помеѓу вашите илјадници обврски …

Рак: да живее љубовта!

Со оваа прекрасна Венера, ќе ја ослободите вистинската заведувачка енергија! Ќе биде навистина невозможно некој да и се спротивстави: подгответе се да направите освојувања на срцата. Ако веќе сте во двојка, ќе чувствувате повеќе љубов од кога и да било и ќе сакате да направите убави планови за иднината со вашиот партнер. Викендот ветува дека ќе биде навистина жешко! Меѓутоа, малку „лошо расположение” се очекува во четврток и во петок, зашто Месечината е тогаш неповолна.

Лав: вооружајте се со трпеливост

Бидејќи работите на работното место конечно почнуваат да одат онака како што сакате, ќе треба да почекате уште неколку недели за да ги видите финалните, задоволителни резултати. Немојте да бидете вознемирени ако во моментов се соочувате се уште со пречки на повеќе различни полиња. Понеделник и вторник ќе бидат поволни денови кои вредат да се искористат, со поддршка на Месечината која ќе ви донесе задоволства на емотивен план. Внимателно во деновите за викенд, сабота и недела, кои дефинитивно ќе бидат нервозни.

Девица: специјални денови!

Оваа недела ќе ги имате на ваша страна и Венера и Меркур: двете планети ќе ги здружат силите за да ви донесат посебни денови исполнети со изненадувања. Особено, во вторник и среда, ќе ве изненадат со „огномети“, благодарение на прекрасната Месечина во вашиот знак! Не трошете време и искористете ги овие прекрасни ѕвезди за да се впуштите во нови авантури, професионални или сентиментални, без да се колебате премногу.

Вага: цената на љубовта …

Оваа недела љубовта ќе ви задава тешки маки, со вашиот партнер ќе ги почувствувате сите големи подеми и длабоки падови што исто така ќе ве наведат да мислите дека трета страна може да помогне во решавање на проблемите! Ако треба нешто да се разјасни, фокусирајте се на деновите четврток и петок, кога Месечината ќе ви донесе малку среќа и ќе ве направи помалку нервозни. Добри вести доаѓаат на работното место во понеделник или вторник.

Шкорпија: Меркур во опозиција

Немојте да се грижи оваа недела ако работите не одат онака како што сакате. За жал, Меркур е во опозиција и создава повеќе пречки, особено во работните односи. Ќе бидете принудени на компромис, но со Јупитер во знакот – на долг рок – знајте дека победата ќе биде ваша! Поповолната Венера ви дава викенд полн со емоции и добри контакти со пријателите.

Стрелец: закрепнување!

Конечно почнува периодот на закрепнување за вас, во кој можете да ја обнови својата сила, откако ќе бидете ставени на тест во секоја област. Понеделникот, е ден со прекрасна среќна Месечина, која ќе ви донесе добри вести на работа, додека во вторник и среда – за жал – ќе морате да ја надминете малата пречка: не грижете се, сепак, најлошото го оставивте за вас! Обнова, исто така, ве очекува на полето на љубовните чувства.

Јарец: љубовта не простува

За жал, неколку недели ќе мора да го издржите периодот на неповолната Венера, која е поставена во опозиција, и вашата романтична врска може да биде засегната. Избегнувајте здодевност и рутина колку што можете и обидете се да излезете од вашата удобна зона! На работа, сепак, сè оди одлично: одлични потврди, а можни се и промовирања или зголемување на платата,посебно во среќните денови на поволната Месечината, т.е. вторник и среда. Убаво ќе се чувствувате и за време на празникот, под знамето на заслужената релаксација.

Водолија: пречки на работа…

Со Меркур во неповолна положба, на работното место ќе се создадат оваа недела неколку проблеми. Најмногу ќе почувствувате проблеми во комуникација со претпоставените. Понеделник и вторник се особено тешки денови, но не само на работното место, туку и на емотивно поле. Не губете доверба во себе, а во четврток и петок ќе почувствувате добро закрепнување и подобрено расположение. Меѓутоа, во сабота и недела треба да се избегнува да се чепкаат одредени „жици“ со партнерот за да не создадете нервозни дискусии …

Риби: убави емоции!

Драги Риби, оваа недела љубовта ќе ви даде прекрасни емоции! По период на страдање, спокојството конечно се враќа и вие и вашиот партнер ќе бидете во можност да уживате во хармоничната врска полна со нежност и разбирање. Посебно поволни се празничните денови, особено саботата и неделата, кои ќе бидат преполни со страст. На работа, добрите вести нема да ви недостигаат,  само бидете внимателни да не притискате премногу со вашите специфични барања во вторник и среда.

x

Check Also

H&M ги менува конфекциските броеви, што тоа значи за купувачите?

Слушајќи ги жалбите на своите купувачи, почнуваме да ги менуваме конфекциските броеви ...