Несекојдневно и уникатно фитнес искуство: ANTIGRAVITY FITNESS програма со Маја Талевска

Во согласност со светските стандарди Body Concept продолжува неуморно да ги следи актуелните хит програми. Една од нив е ANTIGRAVITY FITNESS програмата предводена од долгогодишниот пилатес инструктор Маја Талевска која воедно е и прв лиценциран Antigravity инструктор во Македонија.

Маја Талевска

Програмата  овозможува едно несекојдневно и уникатно фитнес искуство.  Програмата е наменета за сите оние кои не се плашат да излезат од зоната на комфорот, кои се подготвени да се ослободат од негативните секојдневни стресни ситуации кои секако се последица на модерното време доживувајќи ја страста на летањето. Станува збор за поинакво фитнес искуство кое работи во функција на мускулите.

За таа цел Body Concept оваа сабота организира промотивен час во кој сите присутни ќе имаат можност да видат и почуствуваат за што точно станува збор.

ANTIGRAVITY FITNESS програмата за прв пат се појавува во САД во 1991-година од страна на Кристофер Харисон поранешен акробат на Бродвеј, истакнат гимнастичар, учесник во олимписките игри и основач на оваа уникатна програма. Тој во својата гаранција ја истакнува можноста дека во само една сесија ќе не направи посреќни, поздрави и повисоки. Се што треба да на правиме како практиканти на оваа програма е да го суспендираме своето неверување и да веруваме во моќта на Хамокот (импровизирана свилена лежалка на која се изведуваат вежбите) кој доколку се ослободиме и веруваме во него ќе не гушне, а со тоа нема да има причини за страв и несигурност. Поради тоа секогаш треба да бидеме во постојан контакт со ANTIGRAVITY хамокот. Оваа програма содржи десет основни принципи кои постојано се почитуваат и се усогласени со движењата кои ги наметнува програмата.

Доста интересно е тоа што оваа програма се користи и за јавни настани, како презентации, доделување награди, во вид на разни прформанси и настапи, што значи има повеќенаменско дејство.

БЕНИФИЦИИ

ЗГОЛЕМЕНА МУСКУЛНА ФЛЕКСИБИЛНОСТ

МУСКУЛНА НАПНАТОСТ ИЛИ ТОНУС КОЈА ПРЕНЕСУВА ПОРАКА ЗА САМОМАСАЖА

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ГОРНИТЕ И ДОЛНИТЕ МУСКУЛИ НА ТЕЛОТО (ЕКСТРЕМИТЕТИ)

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЦЕЛОТО ТЕЛО (ЦЕЛИОТ ЧОВЕЧКИ ОРГАНИЗАМ)

НИЗОК КАРДИОВАСКУЛАРЕН УРЕД

ПОДОБРУВАЊЕ НА СИТЕ ОСНОВНИ ПРОЦЕСИ ВО ОРГАНИЗМОТ

ПОГОЛЕМО ПРИСУСТВО НА КОНЦЕНТРАЦИЈА

ЗГОЛЕМЕНА ОСТРИНА И ОДГОВОРНОСТ

УЧЕЊЕ НА НОВИ СПОСОБНОСТИ И КРЕИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКО ФИТНЕС ИСКУСТВО

ЗАБАВНО ИСКУСТВО КОЕ РАБОТИ ВО ФУНКЦИЈА НА МУСКУЛИТЕ

ОСВЕЖУВАЊЕ НА ЕНДОКРИНИОТ, ЛИМФНИОТ И ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ КАКО И ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА ЦИРКУЛАЦИЈА

СЕ ЛАЧАТ ХОРМОНИ НА СРЕЌА (СЕРОТОНИН, ДОМАМИН, ЕНДРОФИН)

СВЕЖА И БЛЕСКАВА КОЖА БЕЗ ИСПУКАНИ КАПИЛАРИ

КОНТРАИНДИКАЦИИ би можеле да се јават или ( не се препорачуваат кај одредени хронични болести и тоа)

  • БРЕМЕНОСТ
  • ГЛАУКОМА (ОЧЕН ПРИТИСОК)
  • НЕРЕГУЛАРНИ СРЦЕВИ ФУНКЦИИ
  • ЧЕСТИ ВРТОГЛАВИЦИ И НЕСВЕСТИЦИ
  • ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК
  • ЕПИЛЕПСИЈА
  • ОСТЕОПОРОЗА
  • ТЕЖОК АРТРИТИС
  • СКОРИ ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ОСОБЕНО НА РАМЕНИЦИТЕ, ОЧИТЕ, ГРБОТ, КОЛКОВИТЕ, РАЦЕТЕ И ГЛАВАТА
  • ЦЕРБРАЛНА СКЛЕРОЗА
  • ПОЛЕСНИ ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА
  • БОТОКС ВО ПОСЛЕДНИТЕ 6 ЧАСА

Се ова не случајно го напоменувам бидејќи секој посетител на оваа програма мора да потполни формулар во кој изјавува дека часовите ги посетува своеволно и е во добра здравствена состојба. Се што ви е потребно е добра желба, повисок степен на трпеливост и верба во себе.

Како лиценциран инструктор се залагам да ги почитувам сите правила и норми кои ги налага оваа програма а тоа се безбедноста, квалитетот, интегритеот, инклузивноста, респект и оргиналност.

Програмата е во функција на нашето здравје и иницира иновативни движења кои предизвикуваат пријатно и воодушевувачко чуство и од страна на практикантите и од страна на гледачите.

Со таа цел ве поканувам на попладневно дружење кое ќе започне во 12ч. во просториите на Body Concept.

Станете и вие дел од нашата иновативна спортска приказна. Се гледаме во сала со нова насмевка радувајќи се  на секој изминат момент во функција на нашето здравје.

Body Concept се наоѓа на ул.Истарска бр. 33 (позади Олимписки базен). тел – 071 477 545

x

Check Also

Топ 5 совети за рамен стомак

Ако се придржувате до овие 5 правила, за прилично краток период ќе ...