Night Out: Новогодишна колекција од ZARA

Сезоната на специјални пригоди се приближува заедно со месецот декември, а модната марка Зара ни нуди инспирација како да се дотераме за вечерни излегувања и свечености преку новиот моден водич насловен „Night Out“.

За кампањата позира моделот Грејс Хартзел. Фокусот е на вечерна гардероба која вклучува од смокинг -сакоа до светкави фустани. Од модните додатоци тука се плишаните марами, впечатливите долги обетки со реси, големи ремени и чизми до глуждовите кои ќе додадат дополнителна димензија на вашиот изглед.

x

Check Also

Викендов не го пропуштајте најголемиот шопинг настан во Skopje City Mall!

 Дали сте подготвени за најголемиот шопинг настан за оваа година? Убаво одморете ...