Лани, Најк привлече големо внимание кога ги најави патиките инспирирани од филмот „Враќање во иднината“ – патики кои сами се врзуваат. Сега веќе се знае и датумот кога ваквите патики ќе бидат достапни во продажба – 28 ноември. Најпрво ќе бидат достапни во САД, каде потенцијалните купувачи ќе треба да закажат за да бидат ставени на листа на чекање за да ги купат.
Патиките се во три бои- црна, бела и сива, а ќе чинат околу 500 евра.
Инаку, патиките Nike Hyperadapt 1.0 летово прв ги доби фудбалската ѕвезда Роналдо.