Нов тренд: Коса која свети во темнина

Виножито косите се зад нас, новиот тренд форсира коса која свети во темнина и изгледа дека оваа мода ќе потрае зашто како да е создадена за потоплите денови и честите забави.

kosa 1

Големата популарност ја доби благодарени на Инстаграм кога се појавија првите ултра-футуристични фотографии на модели чии коси сјаат во дискотеките. Многумина се прашаа – како се добива ваква коса?

Самата боја на косата всушност не емитува светлина. Затоа истата коса на дневно светло е обична, но дури во темнина почнува да свети. Поточно, не свети ни под вечерното небо ниту во темна соба, туку – само под светлата специфични за дискотеките.

kosa 2

Првите колекции на колор шампони и гелови за неонска коса веќе го преплавија американскиот и дел од европскиот пазар, а се очекува вистинска трендовска неон манија во потоплите денови, кога често се оди во дискотека.

Според стилистите, најуспешно светат девојките со руса коса, зашто неонската боја тука најдобро се покажува. Инаку, колор шампоните се отстрануваат по три-четири миења на косата со вообичаен шампон, а геловите после првото миење.

 

x

Check Also

Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени

Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи ...