Нова колекција од Ивана Кнез: Addict за модерната и самосвесна жена

 

Футуристичка визија, експериментални форми и многу драма ја обележаа првата ревија на модниот креатор и дизајнер на накит, Ивана Кнез. Промовираната колекцијата есен-зима 2015-2016 е насловена како Addict што говори за еден нов сензибилитет кај жената. Addict жената е со високо развиена самосвесност за своите потреби и несопирлива желба да се реализира и изрази себеси преку изгледот притоа претставувајќи една своја поинаква сензуалност.

knez 2

„Addict е колекција наменета за модни зависници. Самоуверени жени кои знаат точно што сакаат. Колекцијата разработува женско тело и силуета и главен интерес е експресија на индивидуален стил. Материјалите се современи, 3D принтани, боите се монохроматски со акцент на плавата се појавува игра во форма и фокусот е во на масивниот футуристички накит од плексиглас“, вели креаторката Ивана Кнез.

knez 1

Кнез во својата последна колекција експериментира и со формата и со изборот на материјали, со користење на трико во силуетни форми и со повремените провејувања на силни пораки во 3Д принт. Футуристичкиот израз е дефиниран и преку изборот на силни, едноставни форми со прави линии и кроеви во еден минималистички манир, со избор на основните чистите бои, бела, црна и сината како трансцендентен лајтмотив. Сето тоа е надополнето со изборот на накит изработен од плексиглас, препознатлив за Драма Студио и транспарентните чанти.

knez 3

Креаторот Ивана Кнез, под модниот бренд Драма создава веќе 5 години и во овој период се претстави како моден креатор со визија и силна симболика во развојот на секоја од колекциите. Жената, силна, моќна и самосвесна е секогаш во фокусот на моделите на Ивана Кнез.

 

 

 

x

Check Also

Пролет/лето 2017 во Fashion&Friends: Сезона на бои и различност

  Пролетта во Fashion&Friends е разиграна, разнобојна, динамична и енергична. Колекциите на ...