Модели кои оставаат без здив: Новата колекција Diesel е фантастична!

Diesel машка и женска колекција за есен/зима 2015

di 19

Црн пантер во урбана џунгла – убав, див и слободен, е симболот на Diesel машката и женската колекција за есен/зима. Препознатливиот знак на бунтовништво и дрзок став е воздигнат до ниво на парчиња кои се носливи и „кул“. Држејќи се до автентичната ДНК на компанијата, производите се изработени преку современ, креативен објектив правејќи ја колекцијата свежа и допадлива. Константно барајќи иновативност, Diesel ги турка границите на истражување на материјалите, технологиите и дизајнот за да претстави привлечена понуда во сите категории.

di 15

di 10

Заробувајќи ја есенцијата на брендот, но филтрирана преку свежа, модерна перспектива, колекцијата ја слави уникатноста на ДНК-то на Diesel. Војнички и рок стил – препознатливи теми на модната куќа, кои се реинтерпретирани преку забавен, личен пристап. Слободата на духот и безгрижноста се засилени преку живописните бои и силни графики, но и рачно цртаните детали кои се олицетворени на новата безвременска колекција. Заедно со новите графички прикази, вклучувајќи го исконскиот пантер на колекцијата, Diesel логото го доживува своето враќање.

di 2

„Моето омилено парче од колекцијата е сив џемпер со нашиот препознатлив белег на Мохиканец – горди сме на нашето лого и сега го користиме на поинаков начин“ – изјави Никола Формикети креативен директор на Diesel.

Војнички стил

Забавен и спротски тек на војничката тема. Задржувајќи ја уникатноста и иновативниот пристап, Diesel креира своја рачно цртана шема на камуфлажа, присутна во сите категории, од облеката за надвор до долната облека. Модерниот и уметнички изглед е надополнет со нежни плетки. Традиционалните војничко-зелени и кафени тонови се развеселени со нијанси на живописни бои преку вибрантните додатоци од вештачко крзно. Ова придонесува за поп, разигран пристап на функционалните парки и крзнени чанти. Играјќи си со контрасти, класичните војнички парчиња имаат мажествена привлечност, како бомбер и војничките јакни со ефект на камуфлажа, кои се комбинираат со многу женствени фустани и блузи во цветни принтови, додека пак текстурираните ткаенини се споени со флуидни материјали со свиленкаст, мазен изглед.

di 4

di 8

di 6

Лежерен рок стил

Личен, оригинален, сакан. Како архив на парчиња пронајдени во „винтиџ“ продавници и потоа модифицирани со емблеми и цртежи, лежерниот рок стил се одликува со голем опсег на влијателни „mix & match“ парчиња за урбан, модерен изглед. Со многу декоративен пристап, машката антилопска моторџиска јакна е рачно цртана со колоритни графики, највраќајќи се кон сеќавањата за детството, додека пак црните кожни авијатичарски бомбер јакни се украсени со парченца ткаенина. Женските рунтави крзнени елечиња и наметки имаат рок-боемски став. Избледените принтови се исто така искористени во долната облека и даваат „винтиџ“ чувство на памучните маички. Нивниот релаксиран крој е во контраст со „скини“ силуетите на џинс панталоните и хеланките. Модните додатоци го истакнуваат еклектичниот изглед. Женските чизми до глужд на висока потпетица се со нитни, додека пак машките високи патики имаат патенти.

di981

Вечерен рок стил

Рокенрол расположението е реинтерпретирано во вечерен сензибилитет. Од панкерски безопасни игли до киросани карирани шари, сѐ се изведува со елегантно мајсторство, а воедно изгледаат силно и шармантно, кои придаваат за кул метрополитски стил. Острите и тесните кројки придонесуваат за прецизен, унисекс изглед, дефиниран со елегантни одделни компоненти, капути обрабени со различни материјали и струкирани моторџиски јакни со нитни. За непогрешливо женско расположение, линијата вклучува секси  мини фустани со патенти и флуидни блузи и мантили украсени со безопасни игли. Понежен пристап е вклучен во плетените парчиња кои се пријатни за носење и имаат кариран дезен. „Винтиџ“ кожните чевли и каубојските чизми имаат сјаен ефект.

di 99

Diesel: зимски спортови

Diesel исконските парчиња се надградени и инспирирани од алпинистичкиот активен живот од 70-тите години. Препознатливиот V-отвор се вклучува во плетените парчиња со светли комбинации на бои. Тие се комбинираат со тексас фармерки со украсни камења и сомотски панталони, придонесувајќи за весел, разигран став на топлата зимска облека. Тигрести парчиња и шарени ѕвезди се вметнати во спортските колеџ јакни за добивање младешки изглед, додека пак кожните моторџиски јакни се со нитни, и истите одекнуваат во оригиналниот бунтовнички Diesel дух.

Безвременската колекција на Diesel

Елитна изработка и супериорни материјали. Безвременската колекција оддава почит на најавтентичната ДНК на Diesel со голем опсег на женски и машки премиум кожни водечки парчиња кои константно ќе бидат достапни во продавницата – моторџиска јакна, „скини“ панталони и блузони со V-отвор. Навистина, суштествен Diesel.

 

Побарајте ги новите модни парчиња на Дизел во продавницата „Фешн енд Френдс“ во Скопје сити мол. 

x

Check Also

15 омилени модни парчиња од есенските колекции на популарните модни марки

Модната есен е пред нас, а судејќи според есенските колекции на популарните ...