Нови колекции есен 2015 во Springfield: Поглед на Прва во класот и Боемски стил

Пристигнаа новите колкции за сезоната есен 2015 во Springfield. Денес ви ги претставуваме веселите „Прва во класот“ и „Боемски стил“. 

ПРВА ВО КЛАСОТ

На летните денови им се ближи крајот и мораме да го подготвиме аутфитот за враќање на училиште или на колеџ.

sp 2

Карирани кошули, фустани и комбинизони со цветни принтови на сини основи се комбинираат со модни додатоци со ситни дезени на цвеќиња за да се истакне женственоста и нежната страна на оваа линија.
Забавна и весела колекција со палета на бои од класична сина, црвена и беж боја, со која ќе ја пречекате новата сезона во позитивно расположение. Carpe Diem!

 

БОЕМСКИ СТИЛ

Разновидна колекција, совршена за девојка која ги сака вибрациите на градот и нежната страна на природата.

Лелеави материјали помешани со џинс и текстури со мека плетка ја креираат романтичната атмосфера на оваа линија. Клучни елементи на боемската гардероба се фустаните, блејзерите и цветни принтови во пастелни бои на темни основи.

sp boh 3

Моторџиските јакни и ресестите детали на модните парчиња ќе го нагласат боемскиот стил на овие модерни комбинации.

Побарајте ги во продавниците Springfield ГТЦ, Springfield ТЦ Рамстор, Springfield Skopje City Mall I кат и Springfield Куманово

x

Check Also

Моден викенд Скопје: #Stopthetraffik (програма)

На 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд ...