Новиот бренд на H&M, ARKET, ја претстави колекцијата за 2018 година

Новиот лансиран бренд Аркет од модниот гигант Х&М, кој на пазарот се појави со прва колекција и продавници во август годинава, сега со моден водич ја претстави колекцијата дизајнирана за пролет/лето 2018 година.

И оваа колекција, како и претходните, се препознава по минимализмот, чистите линии и кроеви, неутралните бои и квалитетни материјали.

Костумите составени од сако и панталони и сако и сукња доминираат во колекцијата и одлични се за работната атмосфера. Класичните изгледи гарантираат отсуство на модна утка кога се во прашање формални пригоди, но и со покреативни модни комбинации од понудените парчиња гардероба и модни додатоци може да се искреаира и модерен „кежуал“ изглед.

За сезоната пролет/лето 2018, Аркет ни сугерира тенки плетки, фустани и сукњи со миди должина, струкирани сакоа, женствени панталони и туники и кошули од лан.

Во продолжение погледнете дел од понудата на Аркет.

x

Check Also

Во мода се враќаат предимензионираните чанти

Огромните, предимензионирани чанти се враќаат на модната сцена и ќе бидат „маст ...