Новиот парфем на „Прада“ Prada Candy Gloss мириса на слатки цреши

По успехот на парфемите Prada Candy, Prada Candy L’Eau, Prada Candy Florale и Prada Candy Kiss, Прада го лансираше новиот шармантен и разигран парфем насловен Prada Candy Gloss, наменет за жени. Заштитно лице за кампањата повторно е Лекси Болинг.

Станува збор за овошен парфем совршен за жешките денови, додека фокусот е на кисело-слатките цреши на кои им се придружуваат мошусот, цветот од портокал, бадемот и ванилата. Креатор на овој нов парфем е Даниела Андриер, која го претставува како парфем кој е сладок како цреша и сончев како цветот од портокал. Се продава во розово шишенце од 30, 50 и 100 милилитри.

x

Check Also

Избела Роселини открива како и на 65 години може да се изгледа совршено

На 65-годишна возраст, глумицата Изабела Роселини, стана заштитно лице на козметичката куќа Lancôme, ...