Ново од Eucerin: HYALURON-FILLER CC дневен крем со тројно подмладувачко дејство

 

Ги изедначува несовршеностите на кожата и дава свеж и изедначен изглед , исполнувајќи ги дури и најдлабоките брчки од внатре.

eucenrin 10

Од лабораториите на медицинската козметика Еуцерин, оваа есен ни пристигна новиот Eucerin HYALURON-FILLER CC дневен крем против брчки, наменет за сите остроумни жени кои сакаат да ги намалат брчките и да имаат изедначен тен на кожата.  Станува збор за прв и единствен подмладувачки CC крем на нашиот пазар со троен ефект на синтеза на хијалуронска киселина, клинички тестиран кој обезбедува брз, безбеден и долготраен природен изглед на кожата.

Содржи уникатна високо ефикасна формула која комбинира хијалуронска киселина и сапонини (природен екстракт од никулците на соја) која ја стимулира сопствената синтеза на хијалуронска киселина во клетките на кожата, исполнувајќи ги и најдлабоките брчки од внатре и изедначувајќи го тенот.

За таа цел денес пред поголем број на медиуми и фармацевти презентација за правилната нега на возрасната кожа одржа д-р Соња Петрушеска специјалист – дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин. Таа истакна дека “Баерсдорф континуирано ги следи потребите на современите и активни луѓе и им излегува во пресрет на нивните потреби за нега на кожата. Овој пат како новитет од Баерсдорф ги имаме ЦЦ кремите кои се дополнување на хијалурон филер линијата. Новите 2 производи ефикасно ја подмладуваат кожата и  истовремено комплетно ги прекриваат нејзините несовршености.

д-р Соња Петрушеска специјалист – дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин.

д-р Соња Петрушеска специјалист – дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин.

Хијалуронската киселина и сапонините кои ги има и во останатите производи од хијалурон филер линијата, ефикасно и брзо ги пополнуваат дури и подлабоките брчки, а обоените пигменти ја прекриваат нарушената пигментација и другите неправилности на кожата и ѝ даваат изедначен и свеж изглед. Кремите се достапни во две нијанси – светла која одговара за нега на многу светла кожа и потемна нијанса која одговара за нега на кожа каква што има поголем дел од населението кај нас во Македонија.

Во производите има и СПФ 15 и УВА-филтри кои го спречуваат предвременото фотостареење на кожата и појавата на брчки. Новите производи се веќе достапни во сите подобро снабдени аптеки во Македонија.

Присутните на настанот имаа можност да поставуваат прашања, да ја пробаат кремата, и да добијат различни дерматолошки совети.

Д-р Петрушевска објасни дека додавката CC (Complexion Correction/Color Correction), претставува напредна и подобрена верзија на BB крем, лесна  и брзоапсорбирачка крема која ги прекрива несовршеностите на кожата и дава мазен и изедначен тен/сјај, ја измазнува кожата, го намалува црвенилото и ги намалува порите. Овој медицински козметички производ може да се користи и како основа за шминка за жени кои преферираат природен тен.

Станува збор за навистина иновативен производ од колекцијата Еуцерин Hyaluron-Filler, која воедно е една од најпродаваните колекциите против стареење на кожата во Европа која содржи дневен крем за сува кожа, за комбинирана кожа, ноќен крем, крем за околу очи и концентрат.

Кожата е огледало на убавината и здравјето, и токму затоа треба постојано да се грижиме за неа!

 

 

x

Check Also

Маслиново масло и суви смокви – природен лек за плодност

Познато е дека смоквите се употребувале пред повеќе од илјада години, но ...