Од модната писта на црвениот тепих: Пролет 2016

Секако дека славните личности прават најдобра промоција на колекциите од познатите модни куќи, па оттука и нераскинливата врска меѓу нив.  Модели од пролетните колекции на повеќе луксузни модни марки за сега видовме како ги носат повеќе холивудски ѕвезди, особено на црвените ќилими.

Кејт Бланшет во Џон Галијано

Кејт Бланшет во Џон Галијано

Непосредно пред Златниот глобус, на 16-то годишно издание на AFI Awards, Кејт Бланшет се појави во бел костум од пролетната колекција на Џон Галијано.

Бри Ларсон во Селин

Бри Ларсон во Селин

На забавата на списанието W, Бри Ларсон облечена во костум  во морнарски стил носеше модел од колекцијата пролет 2016 на модната куќа Селин. 

Зое Кравитц во Александер Мек Квин

Зое Кравитц во Александер Мек Квин

На забавата организирана од списанието ИнСтајл и Ворнер Брос, Зое носеше модел од пролетната колекција на Александар Мек Квин.

 

 

x

Check Also

Есенската колекција на Tom Tailor ни носи бои и оптимизам

Tom Tailor ја претстави есенската колекција, а акцентот е на палтата и ...