Во соба со Климт, Лихтенштајн и Харинг

Со фантастична локација на брегот на езерото Гарда, хотелот Бела Рива е сместен во историска вила која датира од почетокот на 20 век. Неодамна беше подложен на темелна реконструкција и модернизација, па денес овој бутик-хотел со пет ѕвездички нуди сместување во ненадминат амбиент.

h77

Хотелот располага со 23 соби и 8 апартмани, сите супермодрно уредени и опремени, спортивно на класичната архитектура на вилата. Допирот на италијанскиот дизајнер Пјеро Лисони е очигледен особено во реконструкцијата на фасадата, а оригиналните детаљи се внимателно сочувани. Муралите на ѕидовите се инспирирани од златната фаза на Климт.

h1

 

h4

Хотелот содржи дела и од Рој Лихтенштајн и Кит Харинг, а ботаничката градина е дело на Фондацијата на австрискиот уметник Андре Хелер.

h99

Со директен пристап до езерото Бела Рива нуди на своите гости голем број на услуги, вклучувајќи и јахти и скијање на вода.

h2

Во ресторанот се нудат различни специјалитети во чија креација до некаде учествуваат и гостите, а потоа храната се приготвува пред нивните очи. Менито е главно базирано на традиционална италијанска кујна во комбинација со модерни прилози и сосови.

h6333

Во барот пак, со поглед на езерото, стручните шанкери служат вкусни коктели и закуски.

h654

 

x

Check Also

Тобоган од соништата: Висок е како 14-катница, а „летате“ со брзина од 100 километри на час

Водните паркови се вистинско решение за освежување и забава во жешките денови. ...