Ексклузивно: Изложба на иконата на стилот – Олга Оља Ивањицки

Изложбата на Олга Оља Ивањицки под името Петтото царство за првпат пред јавноста ги претстави скиците и цртежите кои една од српските најголеми уметнички ги направи за модната куќа Мона, во периодот од 2005 до 2009 година.

 olja 2

Станува збор за скици работени на темите Тесла, Његош и Царството.

olja 3
Според скиците и цртежите се  направени тематски колекции, претставени во Националниот театар во Белград.
olja 4
Сценскиот уметнички спектакл е во режија на познатиот режисер Љубивоје Тадиќ и Синиша Ковачевиќ, сценографијата е на Александар Златовиќ и Борис Максимовиќ, а музиката на Сања Илиќ, Светислав Божиќ и Петар Антоновиќ.
До сега, не се прикажани овие скици и цртежи на Ивањицки, од идеја до реализација. Мал дел од овие цртежи се прикажани во Париз, за време на изложбата на Оља Ивањицки, во 1911 година.
olja 6
Насловот на изложбата е изваден од филозофскиот манифест на Ивањицки, инспирирана од Хегел, а покрај модната колекција Царство, Оља наслика и платно со исто име, нагласувајќи го Умственото царство.

Една од најславните сликарки на поранешните ју-простори, почина на 24 јуни 2009 година. За сите овие години по нејзината смрт не се оствари нејзината најголема желба – да се отвори постојана галерија (музеј) на која ќе бидат прикажани сите нејзини дела.

 

Фондот Олга Оља Ивањицки сите овие години се обидува со проекти и изложби да го посочи на јавноста проблемот за решавањето на делата, имотот и се она што зад нас го остави Оља Ивањицки.

С.С. , Ј.К.

 

 

x

Check Also

Отворен повик за постипломски студии по економија и бизнис – Менаџмент и организација (Меѓународна бизнис академија) на Економски факултет – Љубљана, во Скопје  

  Вратите на животните можности кои што имаат потенцијал да променат сè ...