Онлајн колекција „ The Dream“ за петтиот роденден на Драма Студио

Капсулната колекција на Ивана Кнез беше он-лајн презентирана на www.ivanaknez.com. Со оваа единствена и несекојдневна промоција артистот и креатор, Ивана Кнез одбележа пет години постоење на Драма Студио.

Drama - The Dream 4

Виртуелната промоција е само концепциско продолжение на стилскиот израз и изборот на нови и екcпериментални 3Д материјали за висока мода.

Новата Драма приказна е работена со пластика, полиестер, уникатни везови во умерени форми, со природен тек, а боите се во духот на иднината, минимал пристап, транспарентност, метални отсјаи, чистина. Модел за колекцијата е Ангелина Еулер, која го долови точно тоа што е потребно за истата. Колекцијата “The Dream“ е во развој и ќе биде надополнувана и проширувана.

Drama - The Dream 2

„Колекцијата ја започнав точно пред пет години од самите почетоци на Драма. Како тема мислам дека неизмерно ќе ја користам и во идни креации и како тенденција сакам да ја развивам се додека има можност за експресија. Го поставив прашањето „Дали андроидите можат да се заљубат?“, и со креациите ќе го барам одговорот. Тоа е мојот сон, личен сон и преокупација”, вели модната дизајнерка Ивана Кнез.

Drama - The Dream 6Drama - The Dream 3

 

За комплетниот изглед на целата колекција на Драма Студио придонесоа,  Бојан од Студио ИН, фризура и Небојша Пешевски, шминка. Сензибилитетот и визијата во фотографијата и овој пат беа пренесени од постојаниот соработник, Жарко Чулиќ.

Капсулната 3Д колекција беше специјално зачинета со макаронс колачињата од Marfi Cake and bakery, што на виралната промоција ѝ дадоа нова димензија на медиумот, вкус и мирис.

Ивана Кнез во иднина ќе експериментира со материјали, ќе се поигрува со тенденции и наскоро ќе изненади со модна ревија.

 

x

Check Also

15 омилени модни парчиња од есенските колекции на популарните модни марки

Модната есен е пред нас, а судејќи според есенските колекции на популарните ...