Отворена втората реновирана Телеком продавница во Куманово

Продавницата нуди интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.

tel 1

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба втората реновирана продавница во Куманово. Со реновирањето, во целост е променет изгледот на Телеком продавницата  која има сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот. При тоа, продавницата нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците.

По реновирањето, Телеком продавницата во Куманово овозможува одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.

Во текот на летото реновирани се вкупно осум Телеком продавници. Минатата недела, се отвори и реновираната продавница во населбата Ченто во Скопје. Македонски Телеком како компанија којашто е целосно посветена на корисникот, во континуитет работи на реновирање и на други продавници ширум државата.

 

x

Check Also

IKEA лансираше колекција за домашни миленичиња

LURVIG (на шведски значи „влакнесто“) е новата колекција на Икеа дизајнирана за ...