Пантоне одбра две нежни бои за 2016 година

Секоја година, експертите за бои од Пантоне, одбираат по една боја на годината, но овојпат тие се одлучија за две. Боите се однесуваат на трендовите во модната индустрија преку дизајнот до домашниот декор.

boi 3

Нежно пастелната розова и нежно бледата сина, односно Rose Quartz и Serenity, се трендовските бои за следната година.

На прашањето зошто годинава одбираат две бои наместо една, од Пантоне одговараат — „Овој нов пристап кон боите е во знакот на социјалните движења за полова еднаквост“.

boi 1

x

Check Also

Од костими за капење до римјанки – модерно лето со Pull&Bear

Pull&Bear ни носи младешка летна колекција во која доминираат лесните фустанчиња, кратките ...