Парчиња облека кои се купуваат за број поголеми

Не секое парче облека треба да го купуваме за да ни биде како скроено за нас, некоја облека ќе се намали по првото перење или за извесно време, па затоа од неа треба секогаш да купуваме број поголем. Без разика на квалитетот.

nam 1

Маички

Памучните маички често се „собираат“ речиси за број. Истото се случува после перењето на маичките кои содржат повеќе полиестер.

Маички со крагна

Често по перењето и сушењето се намалуваат и тоа токму кај крагната. Ако сме ги купиле да ни бидат „кнап“ лесно може да се соочиме со пробем да не можеме да ги закопчаме.

Волнена облека

Волната исто така се собира при перење дури и при хемиско чистење. Затоа одберете волнен џемпер, на пример, за еден конфекциски број поголем.

Гумени чизми

Чизмите наменети за дожд секогаш треба да бидат за број поголеми за да можеме да ги носиме со дебели волнени чорапи. И не само затоа, полесно се соблекуваат од ногата ако се малку пошироки наместо кнап.

nam 8

Чорапи

Не се намалуваат, ама тесните чорапи ја забавуваат циркулацијата, па од здравствени причини купете број поголеми.

Фустани со вискоза

Фустаните кои содржат вискоза се намалуваат не само по првото перење туку после секое перење, па со текот на времето нема да можете ни да ги облечете. Вискозата е многу чувствителен материјал на вода, па затоа штом одбирате фустан во кој доминира овој материјал без размислувањето купете број поголем.

x

Check Also

Во мода се враќаат предимензионираните чанти

Огромните, предимензионирани чанти се враќаат на модната сцена и ќе бидат „маст ...