Почеток на една модна песна: Тамара Тодевска и Fashion Group

Талентираната и млада пејачка Тамара Тодевска својот стил ќе го претставува преку брендовите на Fashion Group. Секој бренд одделно отсликува посебна страна на Тамара, па така на нејзиниот авантуристички дух ѝ прилега Timberland, женственоста и нежноста ќе ја изрази преку Parfois, Women ‘secret и Golden point, ќе ги поставува трендовите заедно со MANGO и Fashion & Friends, младешкиот изглед ќе го истакне со Springfield, а ќе зачекори и во чевлите на Bata и Geox.

Парчињата облека,  обувките и модните додатоци ќе ги избира заедно со нејзините стилисти Мите Занов и Виктор Стојкоски, а својот избор ќе го споделува со нејзините фанови на сите социјални мрежи, па така секогаш ќе бидеме во тек со модните комбинации кои ќе ги прави Тамара. Деновиве имавме можност да ја видиме како ужива во шопингот во продавниците на Fashion & Friends и MANGO, како пробува парчиња облека од брендовите Guess, Diesel, Replay, Levi’s и нивните легендарни 501 фармерки.

Инаку, денес Тамара Тодевска ќе го промовира вториот албум „Еден ден“ во издание на Горила Продукција, на кој можат да се најдат последните хитови и соработки со познати македонски музички имиња. По најавата, најсреќните купувачи во продавниците на брендовите MANGO, Bata и Springfield со сметка над 2.500 денари, ќе имаат можност да добијат гратис албум.

Fashion Group секогаш ги поддржува македонските таленти, па така освен моменталната соработа со претставникот на овогодинешната Евровизија – Даниел Кајмакоски, компанијата има соработувано со сестрата на Тамара – Тијана Дапчевиќ за време на минатогодишното претставување, како и со многу други естрадни изведувачи

x

Check Also

Егзотични и женствени модни парчиња со попусти до 50 отсто во INSPIRED BY

Во непосредна близина на средното уметничко училиште, на улица Златко Шанјдер број ...