Подготвени за Моден Викенд Скопје: Модата како портрет на времето

Под мотото „Мода и културно наследство“ ќе се одржи дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , од 21 до 25 октомври во Музејот на Македонија, во Старата скопска чаршија. Модното случување за сезоната есен-зима 2015/2016 година, ќе биде во духот на традицијата и модата како портрет на времето.

FWSK-AW1516

Културното наследство е еден од најзначајните сегменти од македонската историја и сведок на нашиот идентитет. Оваа есен, нашата безвременска традиција ќе ја однесеме на рандеву со нескротливата модна приказна. Ќе ги собереме на дружба различните епохи и спомени, убавините низ годините со оние кои не очекуваат. Моден викенд Скопје оди во нова, безвременска приказна. Имиџот кој ќе ја претставува сезоната, има за цел да ја илустрира неминливоста на нашиот изворен идентитет и неговата важност како инспирација за создавање на дела од трајна вредност во сегашноста.

„Низ современо толкување на традиционалните македонски шари и орнаменти, дизајн решението ја симболизира идејата дека стоејќи зад нашата традиција, го прошируваме и зацврстуваме културното богатство за генерациите кои доаѓаат“, вели Јована Зука која го потпишува концепт-дизајнот за визуелниот имиџ.

Во рамките на Моден викенд Скопје ќе се одржат ревии, изложби, модни перфоманси и забави на неколку локации во градот.

x

Check Also

5 макси сукњи кои ги носиме од утро до вечер

Маски сукњата е едно од најудобните летни модни парчиња. Како создадена е ...