Подготвени за новите party фустани од Зара? Погледнете ги!

За претстојните зимски забави, модната марка Зара ни нуди повеќе модели на фустани инспирирани од диско стилот.

Доминираат светките, плишот и сјајните материјали, од боите пак – секси црвената, свечената црна, сребрената и трендовската зелена. Должините се прилагодени за различни вкусови, од мини до миди и макси, како и кроевите – од „молив“ линија на долниот дел до асиметрични линии.

Во духот на забавите, и тука правилата се јасни – блескаво, сјајно и со доза на гламур. Важно е во нив да се чувствуваме доволно секси и комотно за да може да се игра.

 

x

Check Also

MANGO има уште едни хит сандали (достапни во продажба)

Луди сме по овие сандали од Манго, со умерено висока, стабилна и ...