Подготвени за сезоната на забави? Плисираните сукњи се вистински одговор

Откако пред три години се вратија на модната сцена, од плирианите сукњи сеуште не се заситивме. Присутни се во колекциите на популарните „хај-стрит“ бреднови и оваа сезона се толку убави и свечени што се идеално решение за шик изглед резервиран за декемвриските журки и прослави.

Mango

Дизајнирани од различни материјали, во неутрални или интензивни нијанси, со додатоци од тантела или пак целите од плиш, лесно се комбинираат со различни модни парчиња во зависност од ефектот кој сакаме да го постигнеме. Одлично се „носат“ со боди, но подеднакво добро стојат и со атрактивни џемперчиња.

Па доколку сте решени да го збогатите гардероберот со една неодолива плисирана сукњичка, во продолжение ги претставуваме 10-те најубави модели.

x

Check Also

Егзотични и женствени модни парчиња со попусти до 50 отсто во INSPIRED BY

Во непосредна близина на средното уметничко училиште, на улица Златко Шанјдер број ...