Поглед одблизу на спортската колекција на Ирина Тошева и „Цеботекс“

Дуксери, маици и хеланки се само дел од колекцијата со потписот на дизајнерката Ирина Тошева во продукција на македонската фабрика „Цеботекс“, која беше презентирана вчера на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар, во организација на Моден викенд Скопје.

ir 5

Колекцијата која вбројува 15 спортски машки и женски парчиња и го носи името  „Cebotex activewear by Irina Tosheva “  беше претставена со необичен перформанс на манекенки, „бемиксери“ и „блејдери“  со  музиката на диџејката Ана Мало.

ir5

Спортската колекција е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации.

ir 2

Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје,  која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“ и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци .

ir 8

„ Редовно ги поддржуваме талентираните дизајнери и развојот на домашната економија. Со таа цел се трудиме да ги поврземе креативците со македонските фабрики и брендови. Сметаме дека Македонија има дизајн кој не заостанува во однос на познатите странски брендови а и цените на оваа колекција се достапни за домашните купувачи.“, велат организаторите на настанот.

ir 55

ir 9

Парчињата од колекцијата се достапни за продажба во ателјето на дизајнерката Тошева како и на веб страниците www.bastetnoir.com и www.irinatosheva.com .  

 

 

 

x

Check Also

4 модели на сандали кои ги сакаме сега и веднаш!

Сандалите се неизбежни обувки за време на жешкиот период од годината, а ...