Посни колачиња со морков и индијски оревчиња

Превкусни, здрави и посни, овие колаченца ни доаѓаат од индијската кујна, но брзо го освоија светот.

Потребни намирници – 200 грама рендан морков, 300 грама шеќер, 50 грама индијски ореви, 50 грама суво грозје, малку кардама во прав, коцка посен маргарин, индијско оревче за украсување.

Подготовка

Индијските ореви и сувото грозје испечете ги во тавче кое претходно сте го премачкале со посен маргарин. Во сад истопете го шеќерот, додадете го изренданиот морков, па гответе 30 минути на умерена температура со постојано мешање. Кога течноста потполно ќе испари, додадете ја коцката посен маргарин, кардамата во прав, печеното суво грозје и индијски ореви, уште еднаш промешајте и потоа тавата тргнете ја од ринглата оставајќи да се излади.

Друга тава обложете со мрсна хартија и ставете ја кашата од моркови. Изравнете ја со помош на лажица, оладете ја и исечете на парчиња (коцки), украсете со индисјки оревчиња и сервирајте.

x

Check Also

Највкусни солени палачинки – Со спанаќ и печурки

Дегустирајте ги првите вкусови на пролетта. Овие солени палачинки се подготвуваат лесно, ...