Повик за учество на работилница за „Design Thinking“

 

Во рамките на проектот ДИЗАЈН ПРЕДИЗВИК /DESIGN CHALLENGE/, дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска, по втор пат, организираат дводневна бесплатна работилница за ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ /DESIGN THINKING/.

idesign-thinking-workshop2

ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ /DESIGN THINKING е креативен пристап преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.

Работилницата е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици, запознавање со основите на DESIGN THINKING методологијата, изучување на конкретни DESIGN THINKING методи, техники и вежби и искусување на целиот DESIGN THINKING процес.

Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HASSO PLATNER D-SCHOOL од Берлин и ќе биде на англиски јазик.

intro-design-thinking-workshop-may

Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 10 октомври. Работилницата ќе се одржи на 15 и 16 октомври од 10 до 17 ч.

Повеќе информации и форма за апликација на www.designtatamata.com

Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.

x

Check Also

Како да препознаете дали чантата е „фејк“ или од луксузна модна марка

До пред десетина години лесно се препознаваа по низа детаљи, денес некои ...