Прекрасната Меди Зиглер. Ох, забораваме ли дека има само 12 години?

По неверојатниот успех на спотот на Сиа во кој Меди Зиглер танцува, таа продолжи да ги освојува срцата на фановите (буквално од сите генерации, од деца до возрасни), да ги освојува страниците на списанијата, од Тин Вог до популарните модни блогови и портали, да зборува за коректорот за лице и марките на маскарите кои го користи иако сеуште не е ни на тинејџерска возраст. Меди Зиглер е дете, заборавивте? Таа има само 12 години.

За Тин Вог

За Тин Вог

Фер е да се каже дека Зиглер е одлична танчерка, дека танцува од 2-годишна возраст и дена танцот е во центарот на целиот нејзин живот, а тоа значи и дека од најмали нозе танцувајќи на сцената морала да користи и шминка. Сепак, дали некој се загрижува кога ќе прочита дека Зиглер и надвор од сцената користи шминка уште од својата 8 година? Па не сме зачудени што ова девојченце на црвените ќилими изгледа како да е барем десеттина години повозрасна.

Еве само неколку нејзини изгледи кои можеби ќе ве збунат.

Фотосесијата за Тин Вог

Можеме да се обложиме дека кога ќе ги видите овие фотографии ќе помислите дека пред објективот позира некој 20-годишен модел, па ете зборува за маскарите и моливите за очи кои ги користи, за брендовите кои ги носи…

Двете видеа на Сиа

Не станува збор за тоа дека Меди Зиглер е претворена во секси објект или дека е провокативно облечена во тесен костум со платинеста руса перика на неа. Но и двете видеа се со еден збор зрели. Тие се малку чудни, малку шокантни и прилично збунувачки, земени во целина. И во двете видеа, неверојатниот талент за танц на Зиглер е очигледен. Дури  тешко е да се поверува дека толкав талент доаѓа од едно 12-годишно девојче, а уште потешко е да се поверува дека тоа девојче навистина е во состојба во видеата да го претстави тој свој талент на начин поразличен од она што до сега сме го гледале од зрелите изведувачи.

Одбира гардероба за 25-годишна девојка

Во емисијата „ Добар Ден Лос Анџелес“ таа е облечена во бел костум со впечатлив ѓердан, а целиот стил е како да има 25 години. Во текот на интервјуто е толку професионална што повторно забораваме колку години всушност има. И посериозна е од двете дами во студиото заедно.

На црвениот ќилим на VMA

И повторно сме збунети. Прво – таа коса. Второ – тој мејкап. Трето – тој фустан. Можеби девојчево само пребргу расте?

mz7

mz 7

x

Check Also

Убавината е минлива категорија. Стил, е тоа е веќе нешто!

Во облекувањето, во однесувањето и воопшто, во животот, велиме дека некој има ...