Pret a city: Александар Коловски

Македонскиот хармоникаш Александар Коловски кој по ланската победа на светскиот натпревар во Кастелфидардо во сениорска категорија за вариете музика стана по четврти пат светски првак, зборува за годинешните успеси и бројни настапи, за неговата турнеја во Кина, но и за модните трендови и „дрес кодот“ на сцената.

 

Минатата година изјави дека невозможно е да се биде врвен хармоникаш со постојано живеалиште во Македонија. Моментно си на мастер студии во Австрија, која е предноста во однос на пласман на музиката оттаму, во странство?

Сепак е ова еден од светските центри за музика, па оттука и можноста за повеќе настапи, концерти, излегување на сцена и контактирање со големи професионалци. Подеднакво и за откривање на нови правци во музиката, кои тука се ценат и бараат.

Последниот разговор ни беше по победата на  38-от светски натпревар во Кастелфидардо, Италија, во сениорска категорија за вариете музика и со таа награда стана по четврти пат светски првак. Што се случуваше во меѓувреме до денес, на музички план?

Во меѓувреме дипломирав на факултетот за музичка уметност во Скопје, но како последица на оваа победа, бев поканет на двомесечна турнеа во НР Кина каде што имав можност и чест да настапувам на иста сцена со најпознатите музички имиња од светот на хармониката како од Кина така и во светски рамки. Дел од тие имиња беа Тан Ѕиа Лиан, Цао Је, Јури Шишкин од Русија и други…

 

Како изгледаше турнејата низ Кина. Какво искуство понесе оттаму? Какви средби се случија кои можеби отвораат нови врати?

Во Кина бев поканет да свирам на најголемите национални и интернационални фестивали за хармоника како и да бидам дел од жири комисија на дел од истите. Првиот концерт беше во Шенџен кој носеше наслов „Дијалог меѓу Шенџен и Европа“, каде како Македонец бев единствен претставник од овој континент. Потоа следуваа два концерта во Сјамен, на државниот универзитет за музика, каде бев и член на жири комисија на 14-от национален натпревар за млади, Фуџијан. Истиот месец на 18-ти јули настапив на интернационален фестивал на концерт на интернационални победници во Шенџен и бев член на жири комисија на натпреварот “Hohner cup national competition”. Потоа следуваше концерт во Вејхај каде на покана на виолинистката Максин Ван Маосин настапивме со целовечерен танго концерт во состав квартет. Од 6-ти до 12-ти август следуваа четири концерти на еден од најголемите интернационални фестивали во Кина кој е под организација на кинеското министерство за култура. Се работи за 32-то издание на летниот музички фестивал во Харбин, каде бев и член на жири комисија на најголемиот интернационален натпревар за хармоника во Кина.

Оттука понесов едно сосема ново и одлично искуство, бидејќи се работи за народ со кој што комуникацијата се воспоставува на сосема друг начин и кој што без криење го цени она што вреди. Веќе имам неколку покани за 2015 и 2016 година, а моментно два се сигурни концерта за следната година во Тјенцин и Шенјанг. Би напоменал дека од овие фестивали бев поканет во септември да одсвирам концерт на 24-от интернационален натпревар во Ланчијано, Италија, и да бидам член во жири комисија, а сето тоа по покана на познатиот композитор за хармоника од Украина, маестро Владимир Зубицки.

Споредено со другите музички инструменти, колку хармониката е во мода  во Европа?

Па, хармониката е доста застапена во Европа и како солистички и како дел од камерното музичко творештво особено во модерната музика за што во големите европски држави може да се најдат најмногу композиции, но јас сум сепак многу повеќе расположен за старата класична музика, иако може да се најдат интересни и виртуозни модерни композиции.

На што повеќе си насочен, на класичната или на вариете музика?

Ги сакам и ги почитува подеднакво двата правци кои се спомнати во прашањето, но повеќе работам и се задржувам на она што моментално го бараат од мене. Некогаш е тоа повеќе класична музика, но во последниот период доста повеќе вариете.

Колку часови во денот поминуваш со хармониката?

Во денови на сериозна подготовка до пет часа дневно.

Shenzhen hohner cup

Shenzhen hohner cup

Свирењето ти е и професија и страст, имаш ли други страсти?

Немам желби и страсти бидејќи се оставам да оди и да се развива по природен пат. Единствено нешто со што можеме да успееме е работата.

Што е со шопингот, колку ги следиш модните трендови?

Се трудам колку можам да ги следам модните трендови, но не секогаш имам доволно време за тоа. Сепак, во тек сум преку социјалните мрежи и прошетките низ шопинг- центрите во слободно време.

Што најмногу има во твојот гардеробер?

Најмногу има панталони, кошули и долен веш (се смее).

Имаш ли одреден „дрес код“ со кој настапуваш на сцена?

Па, на сцена вообичаено настапувам со она што ми е најудобно во моментот, некогаш е тоа обична црна блуза со панталони и чевли, но најчесто со класична кошула.

Кое парче облека е твојот „маст хев“ за претстојнава сезона?

Чевлите од Бицијани. На концерт најчесто настапувам во чевли од оваа марка.

Aristoteli Bitsiani, Сити мол

Aristoteli Bitsiani, Сити мол

x

Check Also

MANGO модни додатоци поради кои едвај ја чекаме пролетта!

Никогаш поубави и повесели не биле модните додатоци најавени за сезоната пролет/лето ...